Дали можете да замислите дека сте сами и изгубени во овој најголем лавиринт во светот и дека лутате исплашени во потполен мрак? Звучи како најголем кошмар, нели?Тоа е она што ѝ се случило на девојката со име Маша, кога се одделила од пријателите коишто правеле забава во Одеса Катакомбите за Нова 2005 година.
Во текот на прославата, таа залутала под влијание на алкохол, направила неколку погрешни скршнувања и не можела да го пронајде патот за назад. На секои неколку години, луѓето имаат тенденција да се изгубат во катакомбите, но некако успеваат да го пронајдат излезот сами, или со помош на пештерски истражувачи. Маша ја немала таа среќа.
Не ни помислила дека засекогаш ќе се загуби.
Во наредните 3 дена, таа на секој можен начин се обидувала да го пронајде патот низ темнината. За жал, таа оттаму не излегла жива.
Маша на крајот се струполила и починала од дехидрација, 8 километри оддалечена од влезот и 9 ката под градот.
Според истражувачот на катакомби, Јуџин Лати, тој и неговите пријатели дошле до ова ужасно откритие неколку месеци по нејзиното исчезнување.
Наводно, приложената фотографија прикажува 3 момчиња кои стојат над она што би требало да биде труп во распаѓање. Секако, телото е непрепознатливо.
Меѓутоа, кога паталог направил ДНК тест на остатоците, не можело да се утврди чие било телото. Според официјалниот сајт на Одеса Катакомбите, целата приказна е голема измама, вклучувајќи ги и фотографиите.
„Покрај фотографот, не постои ниту една личност која би можела да ја потврди автентичноста на оваа приказна. Веруваме дека приказната е само најобична шега, а трупот дека е лажен“.
Што мислите вие? Дали е ова само уште една урбана легенда или телото на Маша навистина било откриено во длабочините на катакомбите?Тоа е она што ѝ се случило на девојката со име Маша, кога се одделила од пријателите коишто правеле забава во Одеса Катакомбите за Нова 2005 година