На интернет навистина може да се налета на секакви чудни работи, но ова видео кое доаѓа од Јужна Африка, поточно од Националниот парк „Кругер“, ќе ве остави без зборови.Веќе навикнавме да налетуваме на ѕверски снимки од дивините во Африка, во кои се прикажуваат разни диви мачки како ловат антилопи, импали и слични слаби животни. Меѓутоа, едно видео ги изненади сите.
Кој би рекол дека овие заколнати непријатели би можеле да станат блиски и неразделни?
При средбата помеѓу антилопа и леопард, готово е неизбежно дека антилопата ќе стане плен. Но, една малечка антилопа, дали поради незнаење или љубопитност, му пришла на млад леопард и почнала да си игра со него. На изненадување и за самиот автор на видеото, леопардот ја возвратил играта.
Оваа интересна интеракција ја снимил Естијан Хуи, кој е чувар во овој национален парк и изјави дека во својата долгогодишна кариера не видел ништо слично.
„Бев изненаден, а воедно и почестен што присуствував на ваков редок и несекојдневен настан. Малечката антилопа ниту во еден момент не покажа знаци на вознемиреност или страв. Кога леопардот ќе се бидеше да си игра, таа секој пат би му возвратила и би продолжила да го душка и да ја турка главата кон неговото лице“, раскажал зачудениот чувар.
Веќе навикнавме да налетуваме на ѕверски снимки од дивините во Африка, во кои се прикажуваат разни диви мачки како ловат антилопи, импали и слични



