НЕ Е СЕЕДНО: Што бројот на домашната адреса открива за вас?

Ако нумерологијата се земе в предвид, дури и вашата лична адреса може да има влијание врз судбината и како ќе ви се одвива животот. Дознајте дали бројот на вашата домашна адреса е среќен или не.Број 1
Овој број означува индивидуалност и оригиналност. Луѓето чија адреса на живеење ја краси овој број често имаат нови идеи, започнуваат нови проекти и преземаат ризици. Но, колку што е добар овој број на професионално и финансиско поле, толку помала среќа носи во приватниот живот. Носи осаменост, критичност и неодлучност. Потребно е куќата да ја уредите со златна, портокалова и маслинесто-зелена боја за да го зголемите позитивното влијание. Домашните треба да внимаваат на видот и циркулацијата.
Број 2
Овој број симболизира промени, па луѓето често се селат од оваа адреса. Има пријатна атмосфера на семеен дом, изобилува со доза на неуредност, а поттикнува плодност и заљубување. Луѓето кои живеат во него често работат од дома, а негуваат интерес за технологија, патувања, алтернативна медицина и астрологија. Поради брзоплетоста, тие често носат лоши деловни одлуки и мора да почнуваат од почеток, а во односите се зависни од другите. За да го зголемат позитивното влијание, би требало колку што е можно повеќе да го осветлат домот и да ги отстранат непотребните работи. Идеални се тонови на кафена, сива и беж боја. Домашните треба да внимаваат на проблеми со белите дробови, кожата и стомакот.
Број 3
Симбол на обнова и подобрување. Луѓето кои живеат на овој број често се перфекционисти, љубезни и верни со оптимистички поглед на животот, но се воздржани. Имаат смисла за хумор и цврсти ставови за слободата, религијата и семејството. Знаат да ги трошат дури и парите што ги немаат, па често влегуваат во финансиски проблеми. Имаат големо семејство, сакаат да уживаат во пороците, но и често имаат здравствени проблеми. Во нивниот дом се добредојдени сини тонови за да се зголеми позитивното влијание. Во однос на здравјето, треба да внимаваат на прекумерната тежина, да ја проверуваат состојбата на срцето и хормоните.

Број 4
Куќата со овој број е симбол на конфликти. Спротивставени сили кои се борат за стабилност и промена. Во овој дом постојано нешто се реновира и купува. Спротивставени темпераменти, духовитост, сочувство се чести појави овде. Овој број не е за луѓето кои се кревки и плашливи, туку повеќе за оние кои се навикнати да функционираат под стрес и кои имаат сила да издржат многу работи. Важно е да ги одредат своите приоритети. За да го намалат негативното влијание на овој број се препорачува да имаат многу свеќи низ домот, цвеќиња и украси од стакло. Домашните треба да внимаваат на мигрена, депресивни мисли и проблеми со половината.
Број 5
Овој број симболизира хармонија, добри мисли и емоции. Солидарноста и стабилноста се главни поволности на влијанието на бројот 5. Оние кои живеат на оваа адреса трпеливо ја градат среќата и ги надминуваат сите пречки до целта. Лошото влијание на овој број е честото заборавање, што предизвикува непријатности. За да се зголеми позитивното влијание, треба да се постават метални предмети. Од здравствени проблеми, најмногу пречи високиот крвен притисок и проблемите со инфекции на уво, нос и грло.
Број 6
Симбол за одлучност, цврст став и истрајност. Добро место за одмор во тишина, но понекогаш знае да биде и место со интензивна атмосфера и искрена поврзаност. Добро делува на оние коишто сакаат да пробуваат нови работи, да експериментираат и да се занимаваат со некакво хоби. Во овој дом луѓето се многу креативни. За да се зголеми позитивното влијание, се препорачуваат жолтата и зелената боја. Домашните треба да внимаваат на забите и коските.

Број 7
Симбол на сонувањето, фантазирањето и бунтот. Овој број претставува духовност и чувство на ранливост. Понекогаш домашните можат да имаат проблем со одвојувањето на реалноста од фантазијата. Најчесто во овие домови постојат шанси да се случуваат паранормални приказни и некои необични појави. Оние кои живеат тука обично се занимаваат со некоја уметничка професија, имаат домашни миленици и се големи перфекционисти. Во работата се променливи, а често се склони и на пороци. Добро е во својот дом да внесат повеќе виолетова боја која ќе го зголеми позитивното влијание.
Број 8
Симбол на почит и стабилност. На домашните им носи добар углед, авторитет и слава, но и голема одговорност која често ја имаат кон другите. Се трудат на сите да им угодат, но не си ја загрозуваат сопствената состојба на удобност. Имаат почит кон традиционалните вредности, семејството и пријателите. Во овој дом потребни се чести поправки. Ентериерот е во потемни бои, а за да го зголемат позитивното влијание треба да внесат повеќе детали и украси, како слики и огледала. Најголеми здравствени проблеми имаат со лошиот имунитет, настинките и воспаленијата, посебно на стомакот.
Број 9
Симбол на поделби, што се одразува на просторот, различното уредување, но и на различните темпераменти кои живеат овде. Овие луѓе обично се иницијативни, снаодливи и знаат што сакаат од животот. Во работата се многу успешни, а дома често се напнати. Во овој дом може често да се јават проблеми со влагата и греењето. Домашните мора да внимаваат на љубовните проблеми и депресијата. За да го подобрат влијанието, се препорачува ѕидовите да бидат бели и да додадат повеќе детали.Број 1
Овој број означува индивидуалност и оригиналност. Луѓето чија адреса на живеење ја краси овој број често имаат нови

Пронајдете не на следниве мрежи: