Водени од фактот дека во најтоплиот дел од годината луѓето често имаат проблем со сонот, сопствениците на една британска компанија која се занимава со производство на кревети спровеле интересна анкета.Толку ви е жешко што не можете да се наспиете како човек? Не сте единствени. Токму поради големите жештини, квалитетниот и цврст сон постојано ви бега.
Водени од фактот дека во најтоплиот дел од годината луѓето често имаат проблем со сонот, сопствениците на една британска компанија која се занимава со производство на кревети спровеле интересна анкета ан основа на која утврдиле 12 чекори кои можете да ги преземете за да имате квалитетен сон.
Интересно е што ниту еден од нив не е купување на нов кревет или подразбира во својата спална соба да имате клима…
Пуштете воздухот да струи
Поставете вентилатор кон прозорецот отворете го и направете вештачки провев. Ова направете го непосредно пред да одите во кревет
Користете тенки чаршави
Нека обичниот чаршав за душек ви послужи за покривање во врелата летна ноќ. Памукот и ленот се материјали кои и овозможуваат на кожата да дише.
Ладна перница
Својата голема мека перница која ја користите преку годината заменете ја со некоја помала и поцврста. Раскошните меки перници само ќе и дадат топлина на главата.
Удобност пред се
Ако спиете облечени тоа нека биде лесна, памучна маичка, по можност на прерамки и барем еден број поголема од вашиот конфекциски број.
Мокра коса
Овој метод кој зимно време е строго забранет, летоска може да ви биде од корист. Чувството на влага на главата, ќе ве разлади додека не потонете во сон, а косата поради жештината брзо ќе се исуши.
Ладен термофор
Наполнете термофор или обична пластична боца со ледена вода, ставете ја покрај себе, па покријте се со тенок чаршав. Ќе се разладите.
Нозете ја ладат главата
Пред заминување в кревет, ставете ги нозете во леген со ладна вода. Акупунктурните точки на стапалата се поврзани со внатрешните органи, па на овој начин ќе го разладите организмот одвнатре.
Провев 2
Пред отворен прозор раширете голем мокар чаршав. Во вашата соба ќе влегува свеж и ладен воздух.
Египетска ноќница
Замотајте се во влажен чаршав и направете си т.н. Египетска ноќница. Легендата вели дека така древните Египќани излегувале на крај со пустинските жештини.
Стратешка храна
Пред спиење никако не е добро да се прејадете бидејќи тоа го забавува вашиот метаболизам кој потоа дополнително ве грее. Ако сте гладни, изедете помал оброк.
Ниско, пониско
Спијте на што е можно пониско ниво, или ставете го душекот на под. Колку сте пониско, толку ќе ви биде поладно.
Употребете лежалка за на плажа
Подлогите од трска можеби не се толку меки, но секако се поладни бидејќи овозможуваат проток на воздухот. Ставете трска за на плажа под постелнината. Толку ви е жешко што не можете да се наспиете како човек? Не сте единствени. Токму поради големите жештини, квалитетниот и цврст сон постојано ви б



