НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ: Двe нови замки на Фејсбук ќе ви го уништат компјутерот

Ова е лошо време за сите оние кои сакаат да поминат бесплатно, или оние кои сакаат да гледаат морбидности на Фејсбук. Две нови Фејсбук замки шират вируси ширум светот, а луѓето кои ќе кликнат на овие линкови ќе си го уништат компјутерот.1. Не, нема да добиете бесплатно нов iPhone 6
Оваа замка бара од ФБ корисниците да ја лајкнат нивната страна, да го пополнат прашалникот, и потоа да го споделат линкот од нивниот сајт со своите пријатели за да добие нов iPhone 6. Споделувањето е тоа што од овој вирус направи глобална ФБ епидемија, а покрај другото не добивате никаков нов телефон. Најлошо поминаа оние кои во склоп на оваа замка го напишале и својот мобилен телефон, со тоа се претплатуваат на неверојатно скап смс сервис кој им наплатувал околу 120 денари за една порака.
Втотата замка на фејсбук: 

 
2. Не, не постои видео од крваво насилство што можете да го погледнете на Фејсбук.
Ако видите нешто слично на ова на Фејсбук, или било каде на друго место на интернет – НЕ ОТВАРАЈТЕ. Ако сепак кликнете на линкот, морате прво да го споделите со пријателите, и да инсталирате плуг-ин кој потоа ќе ви овозможи да го гледате видеото. Освен тоа што нема да ви овозможи да гледате никакво видео, тој плуг-ин ќе ви инсталира или поп-ап вирус па ќе имате проблем да ја видите содржината која вас ве интересира од рекламите кои ќе почнат да скокаат на сите страници кои ќе ги отварате, што може да ви направи голем проблем на компјутерот.
Значи, ни во лудило не кликајте на линкот кој ви нуди бесплатен iPhone 6, или на линкот кој покажува како маж убива жена. 1. Не, нема да добиете бесплатно нов iPhone 6
Оваа замка бара од ФБ корисниците да ја лајкнат нивната страна

Пронајдете не на следниве мрежи: