НЕ СЕ САМО ОТПЕЧАТОЦИТЕ: Единствени сме и според јазикот, очите…

Секој оној, којшто барем малку знае за криминалот, свесен е дека првата работа со која детективите се водат при идентификацијата на осомничените е отпечатокот на прсот кој е различен кај секоја единка. Оваа пракса е позната од одамна и доаѓа од Кина кога писмата биле запечатувани со глина на која се оцртувале отпечатоците на авторот.Но, што е со останатите делови од телото? Секој човек е индивидуа за себе, па затоа постојат барем уште четири детали кои секој човек го прават посебен на целиот свет.
1. Ушите
Веројатно не сте размислувале за ова, но сечии уши имаат поинакви линии и облик, од кои најпосебен е работ на увото. За разлика од отпечатокот на прстите, кој може да се менува во склад со настанатите белези или едноставно да се истроши, примерокот на браздите во увото останува ист за цел живот, покажува истражувањето на Универзитетот од Саутемптон.
„Ушите комплетно се формирани во моментот на раѓањето. По правило, сѐ останува исто“ – објаснува авторот на истражувањето Марк Никсон.

2. Шареница на окото
Шареницата е мускул кој ја контролира големината на зеницата и им дава на очите боја во зависност од количината на мелатонин во нив.
Додека бојата и структурата на ирисот се одредени со генетиката, деталите од примерокот не се. Тој се формира од цврсто склопените мембрани на ткивото уште во мајчината утроба и непосредно пред раѓањето се оформува мрежницата. Со овие процеси се создава единствен структурен примерок на шареницата, пишува Медикал Дејли.
3. Јазик
Отпечатоците на забите се анализираат во судските предмети од 70-тите години од минатиот век, но се испоставува дека еден посебен дел од усната шуплина за цел живот останува непроменет.
Иако не е во потполност докажано дека секој човек има посебен јазик, истражувачите тврдат дека токму овој орган е адекватен за идентификација на осомничените или жртвите, од причина што е невозможно да се фалсификува неговиот отпечаток.
4. Начин на одење
Некои луѓе одат подгрбавено, некои потскокнуваат, или ги влечат нозете. Секој се движи на свој начин и тоа не е само за движење на нозете, туку и на целото тело. Во склоп на овој концепт, истражувачите откриле 24 компоненти кои го оцртуваат одењето и според кои секој може да се препознае меѓу луѓето. Нивниот спој го сочинува секој начин на одење кој е поинаков од другите.
Различни се програмите кои го анализираат сечие одење со дури 80-процентна сигурност. Принципот на работа на таквата програма можете да погледнете во видеото.
Но, што е со останатите делови од телото? Секој човек е индивидуа за себе, па затоа постојат барем уште четири детали кои секој човек го прават пос

Пронајдете не на следниве мрежи: