Не знаете што за ручек утре? Направете куглици од месо со млад компир…

Нема да згрешите!Состојки:
1 кг млад компир (поситни)
Сол, бибер, вегета и малку масло
Кугли од месо:
400 г мелено месо
1 јајце
2-3 лажици презла
Сол, бибер и вегета
1-2 лажици лут сос
2-3 лажици вода
Половина лажица куркума
Сос:
2 лажици кисела павлака
1 лажица сос од домат или ајвар
100 мл пвлака за готвење
100 мл вода
Малку издробена сува лута пиперка
Малку сол
Малку магдонос
Подготовката видете ја на следната страница

 
Во сад ставете ги сите наведени состојки за куглиците, па добро измешајте.
Со влажни раце обликувајте малку поголеми кугли да бидат од прилика иста големина со компирите кои ќе ги користите.
Чинијата со куглите завиткајте во вреќичка и оставете во фрижидер да отстои час или два. Компирите излупете ги и варете ги во солена вода околу 3-4 минути.
Исцедете ги компирите, додадете зачини и масло, па промешајте. Во тепсија редете ред компири (кои сте ги преполовиле), па ред кугли.
Печете на 200 степени околу 35 минути.
Изматете ги сите наведени состојки за сос, па прелијте преку месото и компирите. Вратете во рерна на уште 15 миунти.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
1 кг млад компир (поситни)
Сол, бибер, вегета и малку масло
Кугли од месо:

Пронајдете не на следниве мрежи: