Неделен хороскоп 03.03.2014-09.03.2014Овен
Крајно време е да го расчистете нередот околу себе и да го организирате подобро сопствениот живот. Внесете малку светлост и промена која ќе ви го промени расположението. Внесете повеќе светлина во вашата дневна соба, променте ја декорацијата во просторот во кој живеете. Колку повеќе сте креативни толкуподобро. Ќе се чувствувате навистина сјајно. Во втората половина на неделата ќе бидете многу зафатени. Ќе бидете потребни на семејството. Ќе бидете непоходни на својот шеф, партнерот, пријателот. Веројатно се ќе ви се струполи на глава. Водете сметка поради големиот притисок да не „пукнете“ на полето на кое не би требало. За викенд, поради тоа, добро опуштете се.
Бик
Вашата кредитна картичка е лимитирана? Немате пари во паричникот? Дали е тоа причина за вашето нерасположение? Немој да дозволете да биде. Парите се важни, но не треба да ви бидат оптеретување и да ви го загорочуваат животот. На овој начин може да ви започне неделата. Од среда ви следува подобрување насостојбата, бидејќи ќе добиете долго очекувани пари. За викенд направете план како да не дојдете повторно во критична состојба. Ако биде потребно, контактирајте некој кој е стручен. Неделата посветете ја на саканата личност и немојте да ја запоставувате!
Близнаци
На една страна сте оптеретени поради кариерата и соништата за промени, а на друга се ви е матно и не можете да направите ништо поради тоа. Поради тоа почетокот на неделата ќе ви биде чуден. Пробајте во среда, кога ќе бидете опкружени со пријателите, да разговарате за тоа како се чувствувате. Четврток ќе биде одличен ден, но петок и сабота ќе бараат најмногу од вас. Ќе мора да направите милион работи наеднаш, а тоа е ретка способност која ја поседуваат мал број на луѓе. Поради флертот кој ќе ве пречека во недела ќе се чувствувате како потполно нов човек.
Рак
Во понеделник ќе ви биде посебно тешко да се придвижите. Вие имате гориво и мотор. Дури имате и клучеви, но едноставно немате волја. Константно работете исти работи и немате повеќе сили за тоа. Во вторник околностите ќе се променат, ќе се случат некои новости кои ќе ви внесат возбудивање во животот. Тоа може дабиде некое ново познанство, промена на работа или во семејството. Што и да е во прашање, животот ќе ви стане возбудлив. За викенд посветете се на себеси и добро одморете се, бидејќи веројатно сте прилично напнати поради големата количинана обврски. Го заслужувате тоа!
Лав
Вие и вашите пријатели ќе бидете како една целина во понеделник и вторник, а вие ќе бидете личноста која ги води останатите. Колку и да им сте приврзани, сепак имајте цели кои не се поврзани за нив и не ги вклучуваат нив. Доколку избие конфликт во среда и четврток обидете се да поддржете некој туѓ план. Тоа ќе биденекој вид на жртва, но исто така ќе ве ослободи од одговорноста. Петок и сабота бараат сеуште компромиси, но во недела ќе бидете повторно свој човек. Тргнете се од неволји.
Девица
Вие веќе знаете дека со некого имате неверојатна хемија. Во понеделник и вторник ќе бидете потполно посветени на тоа и ќе ви биде тешко да работите било што друго. Во среда и четврток исто така ќе бидете ориентирани на врска, но не само на љубовен план, туку и на работата со колегите, луѓето во домот и од опкружувањето воопшто. Петок ќе биде преполн со возбудувања на сите животни полиња. Водете сметка за својот партнер. Долго очекуваниот одмор и хармонијa ве очекуваат за викенд, во сабота и недела.
Вага
Вие сте најсреќни кога и помагате на другите и кога можете своето рамо да го дадете на некој, на кој му е тешко, и добро да се исплати. Тоа не значи дека сакате вашите пријатели да бидат тажни, тука само сакате да бидете тука и да ги направите среќни. Во вторник и среда обидете се малку да го совладате тоа, бидејќи луѓето се склони да ја користат туѓата добрина. Заштитете се одлуѓето кои премногу ви ја црпат енергијата, бидејќи во спротивност вие ќе се најдете во нивната улога. За викенд опуштете се. Пишувајте поезија, гледајте романтични филмови, слушајте музика… работете се што ви одговара.
Скорпија
Во понеделник и вторник се ќе ви оди наопаку. Колку и да се трудите да ги завршите работите кои морате, ништо нема да ви оди од рака и нема да знаете дури и каде се наоѓате. Немојте тоа да ве исфрли од такт, туку обидете се да пронајдете помош од другите луѓе. До среда се повторно ќе се врати на своето место. Четврток ќе ви донесе неколку авантури едно по друго. Во петок ќе наидетена неколку препреки на патот, но ќе открите дека нивното отстранување ве опушта. Во сабота ќе бидете израдувани од нечија насмевка. Уживајте!
Стрелец
Понеделник и вторник ќе ви поминат во размислување за иднината. Како ќе изгледате? Со што ќе се занимавате? Со кого ќе го поминете остатокот на животот? Бидете помалку оптеретени и опуштете се. Добро би било да поразговарете со некој пријател за тоа. Во среда и четврток главното прашање ќе ви биде дали напред да одите со големи или мали чекори. Во петок ќе бидетепреокупирани со моменталната смисла на животот. Иднината наеднаш нема да ви изгледа толку интересна како сегашноста, па конечно ќе се опуштете и ќе ги соберте мислите. Викендот поминете го во релаксирачко купување.
Јарец
Тргнете напред и препуштете се на изненадувањето кое ќе ви го донесе почетокот на неделата. Понекогаш најдобриот начин да дознаете кој сте, е да се поставите себе во друга позиција и да видете како ќе се снајдете и ќе реагирате. Во среда и четврток ќе бидете малку емотивни. Не зборувајте сериозни работи пред доброда размислете и не примајте ништо премногу лично. Петок и сабота ќе ви поминат во шармирање и флертување. Најверојатно на излегување или на некоја вечера ќе запознаете интересна личност за тоа.
Водолија
Понекогаш сликите кои ги гледате на интернет или во каталог не мораат да бидат веродостојни. Во понеделник добро посветете внимание пред да одлучите за купување. Вторник ќе ви донесе уште еден доказ како не е се во бројот на алати кои ги поседувате и дека не можат сите проблеми да се решат на тој начин. Среда ичетврток ќе ви поминат во учење. Ќе имате чувство како да сте во школо и се што ве опкружува може на нешто да ве научи. Петок и сабота ќе поминат во барање на одговори поврзани за кариерата, но ништо ново нема да откриете. Но сепак викендот со пријателите ќе постави се на свое место.
Риби
Собата ви е толку пренатрупана толку многу, што ви треба „чамец“ од едниот крај да дојдете до другиот. Средувањето во понеделник и вторник ќе ви донесе малку мир, но ќе ви обрне внимание и на тоа колку неорганизирани луѓе имате околу вас. Немој да чувствувате потреба да не некој му ги средувате работите. Восреда и четврток ќе сакате само да ја потрошите енергијата на било што. Нека биде тоа нешто корисно. За викнед ќе ви биде потребна компатибилност. Ве очекува сериозен разговор со пријателите.Овен
Крајно време е да го расчистете нередот околу себе и да го организирате подобро сопствениот живот. Внесете