Неделен љубовен хороскоп 23.09.2013-29.09.2013

Неделен љубовен хороскоп!Овен
Понеделник и вторник нема да бидете посебно романтични, напротив ќе се чувствувате осамено. Целосно сте окупирани со работата и целосно сте заборавиле на другите сфери на животот. Од петок и во текот на неделата љубовта стапува на сцена.
Бик
Претеравте со реакцијата? На почетокот на неделата ќе се чувствувате надвор од својата кожа. Дури во среда ќе имате решение за вашиот проблем. Во петок ќе имате одлични идеи но, внимавајте можеби вашиот партнер не е расположен за вашите предлози. Во сабота и недела ве очекува одлична забава.
Близнаци
Почетокот на неделата ќе ги запоставите сите обврски поради љубовта. Ќе слушнете една вест која ќе ви го привлече вниманието. Но, сепак проверете ја информацијата може се работи само за трач. За викенд ќе уживате во допирите со партнерот.

 
Рак
Во вторник ќе дојде до израз вашата романтична страна. Конечно заборавете на минатото. Од среда до четврток ве очекуваат романтични моменти, флерт… Сабота и недела се одлични денови за љубов. Одете во кино.
Лав
Кој вели дека авантурите се случуваат само за викенд? Вам нешто лудо ќе ви се случи токму кога неделата ќе започне. Ќе уживате во љубовните игри во понеделник и вторник. Кон средината на неделата запрашајте се дали сте коректни и искрени кон партнерот.
Девица
Вашата расеаност ќе му пречи на партнерот. Ако немате партнер слободно испратете порака до личноста која ви се допаѓа. Одговорот може да ве изненади, но, и да не е позитивен вашата позитивна енергија ќе ви овозможи се побрзо да надминете.

 
Вага
Бидете креативни. Дозволете емоциите да владеат со вас. Најдете начин на личноста која ви се допаѓа да и го покажете тоа. Почетокот на неделата е идеално време за тоа. Од петок до крајот на неделата љубовта ќе биде во преден план.
Шкорпија
Немојте многу да размислувате за љубовта и за тоа дали сте на правиот пат. Почетокот на неделата ќе ви помогне да откриете дали сте на правиот пат. На средината на неделата ќе имате одговор на многу прашања. Ако сте во врска за време на викендот бидете нежни кон вашиот партнер.
Стрелец
На почетокот на неделата ќе привлекувате внимание каде и да се појавите. Многу љубовни понуди, пораки ќе ви го подобрат расположението и самодовербата.  Во среда ќе сфатите нешто што ќе ви го промени животот.

 
Јарец
Доколку сте слободни во среда и четврток ќе имате можност да запознаете некој кој ќе ве освои. Ако сте во среќна врска, направете се што можете за вашиот партнер. За викенд ќе бидете задоволни од резултатите и ќе уживате во прегратката на саканата личност.
Водолија
Нека на почетокот на неделата пријателството ви биде на прво место. Ако сте во врска најдете начин со партнерот повторно да се зближите, а  ако сте слободни изворот на позитивна енергија повторно ќе ви докаже дека животот има смисла. Во четврток очекувајте загревање на страстите. Но, врвот на љубовта ќе го доживеете за време на викендот. Ќе привлекувате внимание каде и да се појавите и ќе привлечете една интересна личност.
Риби
Ќе одморите малку од љубовта и романтиката на почетокот на неделата. Но, од четврток ќе се чувствувате позитивно и исполнето. Ќе имате незаборавна авантура. Флертувајте и забавувајте се добро.

Пронајдете не на следниве мрежи: