Неколку МОРНИЧАВИ урбани легенди од кои ќе ви се ЗАЛЕДИ КРВТА

Без разлика дали Биле вистинити или не, следните 10 приказни содржат доволно застрашувачки делови за да ве полазат морници додека ги читате.Морничаво откритие
Една студентка ја поминувала ноќта во библиотека учејќи за испитите кои следувале наскоро. По некое време сфатила дека заборавила нешто во својата соба во студентскиот дом. Се вратила таму, а не сакајќи да ја разбуди својата цимерка го зела тоа што ѝ треба додека светлото било исклучено. Кога се вратила после учењето, го вклучила светлото, а на подот ја нашла својата цимерка со пресечено грло. На огледалото во бањата пишувало: „Зарем не ти е мило што не го вклучи светлото?“
Несреќа со палтата
Една пресреќна двојка од тазе родители го крстиле своето бебе во еден зимски ден. Потоа почнале да ги примаат гостите дома, а тие, како што пристигнувале ги оставале палтата на креветот во близина на дневната соба. Кога по некое време мајката сакала да го донесе изворот на својата голема радост кај гостите, тргнала накај неговото креветче и забележала дека врз него има многу палта. Бебето веќе било задушено.
Траги во снегот
Една тинејџерка од САД останала сама дома со својата сестричка откако родителите заминале на вечера со пријатели. Гледале телевизија, по што помалата сестра отишла в кревет, а поголемата продолжила со следење на ТВ програмите. Набргу ѝ здодеало и отишла на големиот прозорец од дневната соба. Таму подолго време ја набљудувала идиличната слика додека надвор полека паѓа снег. Уживала сè додека во дворот не забележала маж којшто се движи кон прозорецот со нож в раце. Целата исплашена, го зела безжичниот телефон, се покрила со ќебе и повикала полиција. За среќа, имало патролно возило непосредно до нејзиниот дом. Полицијата почнала да го испитува теренот и забележала траги во снегот кои водат кон куќата, но не и такви кои водат надвор. Ситуацијата изгледала сосема нелогично сè додека не забележале мокри траги од стапала и на килимот во дневната соба. Натрапникот всушност цело време бил внатре, стоел зад девојката, а таа го видела неговиот одраз на стаклото од прозорецот.

На бензинска пумпа
Една девојка возела доцна во ноќта во пуст дел од САД со својот стар автомобил. Морала да наполни гориво и, баш како во филмовите, наишла на осамена бензинска пумпа во сред пустелија. Момчето кое работело на бензинската пумпа се приближило кон неа, таа му рекла колку гориво да наполни, а тој го сторил тоа. Но, за сето тоа време тој изгледал многу нервозно, а тоа ја плашело девојката. Кога завршил таа му дала банкнота од 20 долари, тој се загледал во неа и ѝ рекол дека е фалсификат. Девојката сега уште повеќе чувствувала дека нешто не е во ред со него. Тогаш тој побарал од неа да излезе од автомобилот и да оди внатре во бензинската со него затоа што треба да го пријави тоа. Кога конечно ја убедил да го стори тоа, тој ѝ објаснил дека не се работи за фалсификат, туку дека на задното седиште од нејзиниот автомобил се криел човек со качулка на главата.
Натрапникот
Жена ја поминувала ноќта сама во својот стан кога одеднаш некоја жена почнала да тропа на нејзината врата молејќи да ја пушти внатре. Кога прашала кој е тоа, другата жена рекла дека некој сака да ја повреди и дека мора да се засолни некаде. Кога жената која биле дома почнала да слуша повнимателно, забележала дека однадвор навистина доаѓа машки глас, но делувало како тој да води нормален муабет со жената. Жената се обидела да ѕирне низ шпиончето, но тоа било покриено со раката на натрапникот. Потоа ѕирнала низ прозорецот и таму навистина видела дека пред вратата стои жена облечена во црно, но за тоа време некој продолжил да бара да ѝ отвори со машки глас. Таа не отворила, па жената и кој и да бил надвор со неа, си отишле.

 
Бабата чувар
Млада девојка се враќала од трговскиот центар доцна навечер кога на паркингот покрај својот автомобил забележала една баба. Таа ѝ рекла на девојката дека прозорецот од автомобилот ѝ е скршен и дека таа стоела тука за да го чува од крадци. Девојката ѝ поверувала и ѝ понудила да ја одвезе до дома во знак на благодарност. Но додека стоеле пред автомобилот и разговарале, девојката забележала дека бабата има премногу влакнести раце, кои повеќе личат на машки. Реагирала брзо и истрчала пред друга кола во движење барајќи помош. „Бабата“ веднаш побегнала без трага. Подоцна полицијата пронашла сокриени нож и јаже на задното седиште.
Изгубеното девојче
Млада девојка пронашла мало девојче на улица кое плачело затоа што ги изгубило своите родители. За среќа, ја знаело адресата каде што живеело и девојката можела да ја однесе до дома. Кога стигнале, девојчето ја замолила девојката да го притисне ѕвончето бидејќи таа не можела да го докачи, и кога оваа го направила тоа без размислување, веднаш почувствувала електричен шок. По неколку часа се разбудила во куќата. Била сосема гола, а околу неа имало употребени кондоми. Силувачите веќе не биле тука, а ниту малото девојче.
Вампирите што јадат мрсно
Во Перу постои легенда дека вампири кои јадат мрсно ги напаѓаат патниците во ноќта и наместо со крвта тие се хранат со нивната маст. Во оваа држава била фатена банда од шеесетина членови која киднапирала патници, ги носела во една куќа и таму ги „преработувала“ во маст. Сепак, многумина се сомневаат во тоа дека правдата е веќе задоволена ако се има предвид дека многу од убиствата не се докажани, а не постои ниту црн пазар на маст. Локалното население верува дека тоа се всушност вампирите од нивниот фолклор кои убиваат луѓе и се хранат со нивната маст.

Бебешки плач
Жена која доцна навечер поминувала време на интернет одеднаш слушнала бебешки плач кој доаѓал од нејзиниот праг. Низ клучалката не се гледало ништо, па решила да повика полиција. Оттаму изречно ѝ рекле во никој случај да не ја отвора вратата затоа што не е првиот случај во градот во кој што некој користи снимен плач за некој да отвори, а натрапниците непречено да влезат дома.
Врисокот кој никој не го слушна
На универзитетот УКЛА постои една традиција според која што студентите викаат, пиштат, врескаат на полноќ во неделата на последните испити со цел да се ослободат од стресот. Сите студенти на кои им дошло до врескање го сториле тоа токму на полноќ и таа година. Кога ритуалот завршил, сите отишле в кревет или продолжиле да учат. Само една девојка не сторила ништо од тоа. Нејзиниот крик, всушност, не бил поради стресот од учењето. Силувачот толку прецизно го испланирал својот напад, така што никој не можел да се посомнева дека таа вика од болка. На УКЛА веќе не се практикува овој ритуал.Морничаво откритие
Една студентка ја поминувала ноќта во библиотека учејќи за испитите кои следувале наскоро. По некое вре

Пронајдете не на следниве мрежи: