Немојте ни случајно да погрешите и да ја фрлите облеката на која и поминала модата. Порано или подоцна повторно ќе се врати. Секогаш така било и секогаш така ќе биде.
За оваа сезона, модните марки повторно ги вратија на сцената ремените со ланци или синџири Доколку во вашиот орман се уште може да се најде по некој од златните ремени со ланци кои се носеа во 90-те години, ова е вистинско време да ги извадите од таму и да ги ставите на себе.
Карираните кошули кој ги прослави Курт Кобејн се повторно во мода. Во комбинација со фармерки се неодоливи. Сигурно чувате по некоја ваква кошула во вашиот гардеробер.
Доколку мислевте дека фармерките со трегери или комбинезоните не се повеќе во тренд се лажете. Иако може ве потсетуваат на некое дамнешно време. Хејди Клум и Ријана повторно ги вратија во дуќаните. Доколку сепак не ги обожавате, одлична тренд замена за нив се шарените памучни комбинезони. Ќе се чувствувате пријатно во нив во овие топли денови.
Неонските, а исто така и флуоресцентните бои хит во 90-те години. Нема да погрешите ако и сега ставите по некое дречливо парче облека на вас.
Немојте ни случајно да погрешите и да ја фрлите облеката на која и поминала модата. Порано или подоцна повторно