НЕКОЛКУ ТРИКОВИ: Како да се ослободите од непријатниот мирис на стапалата

Проблемот со потењето и непријатниот мирис на стапалата најчесто се јавува зимно време кога нозете ви се затворени во обувките и по десет часа дневно. Непријатноста која може да ви се случи знае да биде мачна и срамна. Да не можете да отидете кај некого дома или да влезете во продавница за чевли за да ги пробате омилените кои сте ги забележале на излогот. Но, за да немате повеќе главоболки, постојат неколку трикови.Студеното време и топлите затворени обувки во кои одите по цел ден се најчести причинители на лошата смрдеа од вашите нозе. Сепак, постои решение за овој проблем.
Чистете го делот помеѓу прстите
Редовно прегледувајте си ги стапалата. Прегледувајте го не само горниот, но и долниот дел од стапалата, прстите, кожата меѓу прстите и ноктите. Ако забележите симптоми како чешање, лупење на кожата или надуена, отечена или испукана кожа, побарајте помош. Исто така, консултирајте се со лекар ако забележите промена на текстурата или бојата на ноктите, затоа што тоа може да укажува на присуство на инфекција.
Чорапи
Чорапите не смеат да бидат тесни. Постојат чорапи кои се дизајнирани баш за да помогнат во решавањето на проблемот со непријатниот мирис. Ако немате можност  за да го искористите претходниот совет, тогаш подобро е да вложите малку повеќе пари за да си купите специјални чорапи кои ве штитат од влагата и смрдеата.

 

Обувки
Избегнувајте да носите патики долг период во текот на денот, бидејќи синтетиката брзо го шири непријатниот мирис. Преферирајте обувки произведени од материјали кои им дозволуваат на стапалата да дишат. Носењето на обувки изработени од синтетички материјали го зголемува потењето, а со тоа и го засилува мирисот. Претпочитајте кожени или платнени обувки.
Користете пудри и спреј за стапала и за освежување на обувките.
Денес постојат најразлични производи кои ја отстрануваат непријатната миризба од обувките. Пудрите помагаат кожата да се зачува сува во текот на целиот ден, па тие се и најпрепорачливи ако го имате овој проблем.
 Студеното време и топлите затворени обувки во кои одите по цел ден се најчести причинители на лошата смрдеа од вашите нозе. Сепак, постои решение з

Пронајдете не на следниве мрежи: