НЕМА ДА ИМА СПЕЦИЈАЛЕН СУД И МВР: Катица ќе си замине, на нејзино место ќе дојде Ленче!

Соросоидите најавија дека деновиве ќе биде договорено формирање специјален полициски оддел и специјален суд за постапките кои ги води СЈО што, според досегашното искуство од работата на СЈО, би значело дефинитивен затвор од по десетина години за барем триесеттина функционери на ВМРО ДПМНЕ и нивни соработници, и крај на таа партија патем со есдесесовско исполнување на барањата за федерализација и промена на уставното име, и барем дваесет години практично еднопартиска власт на Заев и СДСМ без никаква конкуренција!Без шанса за победа на избори за соросоидите и СДСМ ова е идеално решение за нив, и идеална можност да се доберат до власт без избори и пари без контрола на подолг период. Единствено не се запрашале како тоа би поминало кај скоро половина милион гласачи и припадници на ВМРО ДПМНЕ, и како би се одразило на идните одлуки кои ги бара НАТО и ЕУ од нас, а за кои е потребено уставно мнозинство и силна јавна поддршка меѓу граѓаните. Особено како би се одразило на меѓуетничките односи.
Соросоидните медиуми објавија дека е ова завршена работа која е подржана и од САД и нивната помошник државен секретар Нуланд, а кога таа божем за ова ги известила во СДСМ тие биле зачудени, но ја подржале идејата. Да не веруваш на приказната за наивните Заев и Шекеринска.
Она што може да се очекува, а е ново, е скора смена на Катица Јанева со обвинителката од СЈО Ленче Николовска која е на повеќемесечна обука во САД токму за тие цели. Смената немора да биде формална, туку ќе биде дислокација на моќта и овластувањата од рацете на Катица Јанева кај Ленче Николовска која, патем, ќе ги има целосно под контрола контактите и соработката со американската амбасада, факт кој е клучен за работата на СЈО. Катица ќе биде англиска кралица во системот, бидејќи ниту стручно ниту медиумски не ја оправдала довербата. Ова е сериозен удар врз СДСМ и Заев кој има контрола и силно влијание врз работата на Катица Јанева, а слаби контакти со Ленче Николовска. Тоа влијание Заев го користи за создавање нови случаи за негови и партиски потреби надвор од американскиот план за прогони, а на удар по личен избор на Заев со употреба на Катица Јанева се бизнисмени и медиуми. Ова е општопознато меѓу истражителите и обвинителите во СЈО кои коментираат дека Заев спроведува рекет преку нив врз медиуми и бизнисмени кои треба да добијат обвиненија а потоа, доколку се откупат кај него и СДСМ, обвиненијата можат да бидат запрени или формирани така да немаат можност за судска завршница со казни за обвинетите, туку да се конструираат свесно за да бидат неуспешни, секако ако рекетираните соработуваат и се откупат кај Заев. Веќе се актуелни најмалку четири предистражни постапки за оваа цел.

Според информациите до кои дојдовме, планот кој што го смислила Катица Јанева за покривање на сопственото непрофесионално однесување опфаќа две насоки.
Првата насока е префрлање на одговорноста за досегашните промашувања на СЈО врз останатите институции. Заради тоа, се пласираат апсурдни предлози за специјален суд или оддел во МВР, кои се надвор од договорот од Пржино. Според тоа што го дознаваме станува збор за лична амбиција на Катица Јанева со цел да ги оправда пропустите и лошата репутација на СЈО.
Информациите кои беа објавени на дел од проопозициските медиуми дека наводно помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд барала специјално оделение во Судот и во МВР кое ќе се занимава со случаите кои се предмет на интерес на СЈО се невистинити, велат нашите извори.
Впрочем, дознаваме дека тоа биле желби и предлози на Катица Јанева која на тој начин сакала да ја комплетира својата работа која според сите параметри се оценува како целосно фијаско, политички претенциозна и политички мотивирана.
Соочена со бројните скандалозни постапки и афери кои се провлекуваат низ нејзината работа и со очигледниот неуспех наспроти кренатите очекувања, овие нејзини предлози се сламката на спасот со цел да избегне целосно фијаско на функционирањето и досегашното работење на СЈО.
Од неофицијални извори дознаваме дека во ВМРО-ДПМНЕ ваквите предлози ги оценуваат како нешто што е надвор од претходно договорениот пржински договор, кој беше основа за политички договор за надминување на актуелната политичка криза.
Втората насока и обид да се поврати кредибилитетот на СЈО е наводното покренување на некакви процеси против лидерот на СДСМ Зоран Заев. Преку овие случаи Катица Јанева ќе се обиде да прикаже некаква неутралност и неселективност, а всушност истите се однапред договорени и треба да завршат со ослободување од прогон на Зоран Заев.
Од новиот театар кој го смислила Катица Јанева , СЈО и Заев би требало двојно да профитираат. Од една страна СЈО ќе ја враќа довербата како независна институција, а од друга страна Заев би требало да изгледа како жртва која на крај се изборила за правда и се докажало дека е невин.
Оваа информација ја откривме уште минатиот месец, а денес се покажува како точна. Повеќе за првичната информација ТУКА!
Извор: Инфомакс.мкБез шанса за победа на избори за соросоидите и СДСМ ова е идеално решение за нив, и идеална можност да се доберат до власт без избори и пари без ко

Пронајдете не на следниве мрежи: