Нема место за жени помеѓу масоните?

Членство е дозволено само за мажи, родени како слободни луѓе, со полнолетна возраст и на добар глас, а не е дозволено за жени ниту пак за неморални и нечесни мажи”. Оттука раширено сфаќање е дека Слободната Масонерија традиционално е ограничена исклучиво на машко членство. Истовремено, сепак, надвор од масонското ритуално работење во Отворена Ложа”, Браќата отсекогаш му посветувале големо внимание на семејството, со нагласено висок респект кон жените кои ги нарекуваат сестри”, им подаруваат симболично пар бели ракавици” и тие се неодвоив дел од слободно-масонското фамилијарно дружење.
Сега ќе се задржам на едно сосема друго прашање кое со векови наназад, но и во денешниве времиња, предизвикува многу различни и контроверзни толкувања. Тоа е прашањето на можност за членување на жените во Масонеријата!?

Согласно Андерсоновата Конституција, во мисловната Слободна Масонерија членство е дозволено само за мажи, родени како слободни луѓе, со полнолетна возраст и на добар глас, а не е дозволено за жени ниту пак за неморални и нечесни мажи”. Оттука раширено сфаќање е дека Слободната Масонерија традиционално е ограничена исклучиво на машко членство. Патувајќи временски, векови наназад за да ги детектираме корените” на Масонеријата, неспорно е дека и мајсторите каменоресци, еснафските здруженија, витезите темплари или … – сите биле исклучиво машки групации, со оглед да во тие историски периоди позицијата и статусот на жената во општествата бил значително поинаков од современиево.
Затоа, историски сосема логично било првите организирани Ложи кои се среќавале во таверни или дома, нивните правила-конституции, како и древните ритуали, драмски текстови, движења и масонска облека, да бидат конципирани и предвидени само за мажи. Истовремено сепак надвор од масонското ритуално работење во Отворена Ложа”, Браќата отсекогаш му посветувале големо внимание на семејството, со нагласено висок респект кон жените кои ги нарекуваат сестри”, им подаруваат симболично пар бели ракавиции и тие се неодвоив дел од слободно-масонското фамилијарно дружење.

ЏОРЏ ВАШИНГТОН – МАСОН
Историски познат факт е дека, по завршувањето на Американската Револуција, поголемиот дел од луѓето кои работеле на формулирање на првиот Американски Устав” и Декларацијата за Независност”, биле Слободни Масони. Со гласање на првите избори, за прв Претседател на Соединетите Држави, едногласно бил избран Џорџ Вашингтон (4-ти февруари, 1789). Верувам дека сте имале можност да ја видите сликата која го прикажува Претседателот Џорџ Вашингтон (18-ти септември, 1793) облечен во масонска регалија како во целосно масонска церемонија, го положува камен-темелникот” на Конгресот…
Во период пред Француската Револуција, активно работеле околу 1.250 Ложи во Франција со проценка од околу 40.000 членови. И помеѓу поделените, самостојни региони, темелните слободно-масонски принципи за еднаквост, братство и слобода, симболизирале моќна обединувачка идеја помеѓу луѓето кои барале промена во владеачката, интелектуална и социјална структура на земјата.
Многу од важните личности на Француската Револуција, како Marat, Mirabeau и Robespierre биле Слободни Масони. Louis Philippe II, Duke of Orleans, лидер на Либералната Француска Аристократија бил Голем Мајстор на Големиот Ориент за време на Револуцијата. Иако многу теоретичари го тврдат тоа, сепак нема цврст доказ дека и Наполеон Бонапарте бил инициран, но секако се знае дека неговите четири браќа Joseph, Louis, Jerome и Lucien – биле Слободни Масони. Архивските податоци потврдуваат дека Joseph и Louis биле избрани и инсталирани како “Joint Grand Masters” на Големиот Ориент на Франција во 1804 година…

И АТАТУРК БИЛ МАСОН?
Во овој контекст треба да се напомене дека многу теоретичари наоѓаат линии на директна или индиректна поврзаност на Слободната Масонерија, уште во редица други револуционерни активности кои се случувале во подоцнежниот период. Ќе ги споменеме само Младотурската Револуција и улогата на Ататурк, кој по некои податоци бил инициран во ложата “Macedonia et veritas” 1904 година во Солун, како и Руската Револуција на почетокот на 20-от век, каде една од клучните фигури е Слободниот Масон Leiba Bronstein Trotsky, инициран во 1897 година…
И покрај фактот дека историчарите вечно ќе дебатираат околу прашањето – до кое ниво Слободната Масонерија била дел од “Просветлувањето” или пак дури можен иницијатор и главен фактор, сепак повеќето се сложуваат дека голем дел од водачите на движењето биле Слободни Масони -Монтескју, Волтер, Поуп, Гете, Роберт Хук, Бенџамин Френклин, Жан-Жак Русо, Адам Смит, Кант, Моцарт, Хајдн, Џејмс Кук, Џорџ Вашингтон…

Така аналитичарите кои се занимаваат со изучување на врската на Масонеријата и ерата на Просветителството пишуваат: Масонеријата е школа за формирање на човекот заснована врз симболизмот, филантропијата и образованието. Таа претставува космополитско здружение во потрага по благосостојба и предностите на човековото општество, притоа не водејќи грижа за различноста на јазиците, културите, религиите и политичките идеологии.
Целите на Масонеријата, онаква каква што е втемелена, се изградба на храмот на љубовта и сеопшт братски” однос кон луѓето, заснован на мудрост и знаење, врз моралната и политичка трпеливост, толеранција и полн израз на слобода на мислата. Затоа Масонеријата на Просветителите” си поставила себеси двојна цел – усовршување на човекот и изградба на човештвото по пат на заемна помош, но во процес на непрекината едукативна интеракција, интелектуален развој со примарна задача за хумано цивилизирање, наклонетост кон науките, уметностите и хуманизмот”.
Во втората половина на 18-от век, Америка се соочувала со голема поделеност помеѓу тринаесетте колонии кои имале сосема одвоена управа, високо диспаритетна национална структура, различни религиозни влијанија, широко поделени социјални и културни групации. Сите ја нагласувале својата самостојност, но и нетрпеливост едни кон други. И повторно, Слободната Масонерија претставувала можеби единствена форма на заеднички контакт. Таа се развивала и ширела забрзано помеѓу повисоките општествени слоеви во сите поединечни колонии, носејќи ги со себе истите заеднички лекции за човековите вредности – Братство, Еднаквост, Добродетелство.

Припадниците на различните колонии, трговци, војници, и други официјални претставници, често патувале од регион во друг регион и можеле да се уверат дека масонските Ложи обезбедувале сигурно место и чувство на добредојденост и пријателство, без оглед на нивните различности. Временски сосема бавно но сепак видливо, Ложите постепено вовеле нешто сосема ново помеѓу колониите – чувство за американско единство. Како што веќе беше наведено, еден од првите промотори на слободно масонските вредности и идеали, бил Бенџамин Френклин кој посветено работел и на подигнување на чувството за неопходно национално единство” помеѓу колониите.
Кога Американската Револуција земала замав, несомнено најистакнат лик бил Слободниот Масон Џорџ Вашингтон, чија силна волја и лидерски дух ја инспирирале и држеле заедно колонијалната армија. Вашингтон често нагласувал дека Слободната Масонерија е единствениот и најјак цемент кој ги поврзува колониите”. Како врховен командант на колонијалната армија, тој бил буквално опкружен со Слободни Масони, односно половина од неговите генерали биле Браќа вклучувајќи го Лафает и германскиот висок офицер Барон вон Стеубен.
Во тоа време Бенџамин Френклин отпатувал во дипломатска мисија во Франција, барајќи практична поддршка за нивната револуција. Таму тој се приклучил на новата, многу влијателна Ложа на деветте сестри” каде лично го иницирал и херојот на францускиот народ, популарниот Волтер. Френклин маестрално ја водел својата дипломатска мисија, брзо ја освоил наклоноста на француската јавност, а со тоа ја обезбедил и очекуваната поддршка.
Преземено од:loza.mkОттука раширено сфаќање е дека Слободната Масонерија традиционално е ограничена исклучиво на машко членство. Истовремено, сепак, надвор од масонско

Пронајдете не на следниве мрежи: