НЕМА ВЕЌЕ ОСЛАБЕНИ МАНЕКЕНКИ: Франција со закон забранува фотошопирање во рекламите

Манекенки што преку ноќ слабеат, или се без ниту една бенка на себе, ниту пак брчка, повеќе не смеат да се појавуваат на рекламите, доколку тоа не биде јасно нагласено на билбордот или на видеото. Во спротивно рекламната агенција може да плати казна од најмалку 45.000 долари.Тоа е во рамките на новиот закон кој е донесен во Франција, а кој се однесува на комерцијалните објави. Доколку огласувачот сепак се реши лицата што се користат како статисти да бидат со дигитално изменети, односно ретуширани и „фотошопирани“ тела, тогаш тоа мора да го назначи со „Photographie retouchée“.
Законот стапи на сила од 1 овој месец, при што за неговото непочитување казните можат да пораснат и на 30 отсто од вкупниот буџет во поскапите рекламни кампањи.
Сепак, агенциите во Франција засега не се загрижени од донесувањето на законот. Мелани Пенек, арт директорка во агенцијата DDB Париз, смета дека тоа нема толку да влијае врз нивната работа, зашто се трудат во нивните реклами да се задржи автентичниот изглед на статистите.
– Тоа не е толку голема вест. Мојата работа нема да се промени, луѓето сакаат да гледаат автентични слики, а не фантазии. Денес, кога користам „Фотошоп“ тоа го правам за нештата да ги направам да изгледаат многу пореално, повалкано или слично – вели Пенек.
Коментарите за новиот закон се дека тој е исклучително храбар потег, особено зашто Франција е земја позната по своите модни и козметички брендови. Најчесто токму тие брендови се виновниците за прикажувањето на искривена реалност во рекламните видеа и фотографии.

Причината за носењето на тој закон е да се намали степенот на анорексија, која е широко распространета во Франција. Креирањето анорексични тела на рекламите, води кон нездрава исхрана.
Според статистиките, повеќе од 600.000 луѓе во Франција страдаат од анорексија. Надежите се дека со новиот закон ќе смени фокусот од иделано, кон здраво тело.
 
 Тоа е во рамките на новиот закон кој е донесен во Франција, а кој се однесува на комерцијалните објави. Доколку огласувачот сепак се реши лиц

Пронајдете не на следниве мрежи: