Постои задгробен живот и луѓето треба да веруваат во него…Возач на камион во Охајо го шокираше болничкиот персонал откако се вратил во живот речиси еден час откако го изгубил пулсот како резултат на срцев удар – но тоа што тој тврди дека го видел во текот на тие напнати моменти со сигурност е задгробниот живот.
Брајан Милер, (41) ги земал работите во свои раце откако почувствувал дека нешто оди на лошо -, тој веднаш повикал 911 и кажал на операторот, ” Јас сум возач на камион и мислам дека имам срцев удар”
Секако, неговата главна артерија била целосно блокирана – предизвикана од срцевиот удар.
Тој бил пренесен во локалната болница каде што лекарите успеале да го оживеат и да ја прочистат блокадата, но по освестувањето , тој развил вентрикуларна фибрилација, срцето почнало да му чука силно и не било во можност да пумпа крв.
“Тој немаше срцеви отчукувања, тој немаше крвен притисок, тој немаше пулс”, вели медицинска сестра Емили Бишоп.
Лекарите му дале веднаш вештачко дишење, и го шокирале Милер четири пати за да го оживеат, но мислеле дека немаат среќа….
Сето тоа се случувало додека Милер како што вели самиот тој, поминувал во небесниот свет “Единствено нешто на што се сеќавам е дека почнав да гледам светлина, и почнав да чекорм кон светлината”.
Тој опиша дека чекорел по цветна патека кон белата светлина – се додека не стигнал до неговата мајка која починала неодамна, „Таа беше најубавото нешто кога ја видов, изгледаше како тоа да е првиот ден кога сум ја запознал, таа изгледаше толку среќно.“
Милер се сеќава: „Ми ја зема раката и ми рече – Не е дојдено твоето време, ти не треба да бидеш тука, ќе те вратиме назад, имаш работи кои треба да се вратиш и да ги завршиш.“
После 45 минути неговиот пулс се вратил „од никаде“ – вели докторот. “Неговиот мозок немаше кислород 45 минути, фактот дека тој оди, зборува, се смее… е неверојатен.” Милер се врати меѓу жвите и сега вели дека постои едно нешто во што е сигурен, “Постои живот после смртта и луѓето треба да веруваат во него.”Возач на камион во Охајо го шокираше болничкиот персонал откако се вратил во живот речиси еден час откако го изгубил пулсот како