Немате идеја што за ручек…Зошто не би експериментирале?

Немате идеја што за ручек…Зошто не би експериментирале?Состојки
За пире
700 гр компири
50 гр путер
по потреба млеко
2 жолчки
За фил
250 гр шампињони
2 големи домати
1 главица кромид
масло за пржење
1 лажица сечкан магдонос
100 мл бело вино
50 гр рендано сирење
Подготовка:
Излупете го компирот исечете го на коцки и ставете го во солена вода да се вари. Исцедете додадете путер и млеко и направете цврсто пире. Кога пирето ќе се олади додадете ги жолчките и добро промешајте.
На масло запржете го кромидот па додадете ги шампињоните. Кога водата малку ќе испари додадете ги излупените домати исечени на коцки, вегета, сол и бибер. Пред крајот залијте со вода и додадете магдонос.
Во плех за печење премачкан со масло, обликувајте гнезда од пире, наполнете ги со подготвениот фил и ставете од ренданото сирење или кашкавал. Печете на температура од 180С 15-20 минути.
По вадењето од рерна, оставете ги 5 минути малку да се изладат и пирето да зацврсти поради полесно сервирање.
Добар апетит!
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки
За пире
700 гр компири
50 гр путер
по потреба млеко
2 жолчки

Пронајдете не на следниве мрежи: