НЕМИЛОСРДЕН ЧИН: Преживеала самоубиство, но локалните рибари ја силувале додека се наоѓала во полусвесна состојба!

Жртвата и нејзиното семејство се обиделе да извршат масовно самоубиство на 18 декември, веднаш откако биле иселени од својот дом во индискиот град Пудучери.Mајката и двете сестри се удавиле. Несреќната девојка, нејзиниот татко и другите две сестри преживеале, но морето ги исфрлило на различни места.
Девојката, која била пронајдена на еден километар оддалеченост од местото на кое се обидела да се самоубие, изјави дека била силувана додека се наоѓала во полусвесна состојба. Полицијата обезбедила видео снимки од сигурносните камери во околината на плажата, како и изјави на неколку сведоци кои забележале двајцата мажи на местото на кое се наоѓала девојката, пренесе Daily Mail.
Индија се соочува со голем број случаи на силувања, а вниманието на светската јавност го привлече несреќниот настан на жената која во 2012 година починала по брутално групно силување во Њу Делхи.
По немилиот настан, Индија донесе поостри законски мерки за силувачите. Но, во неодамнешната спроведена анкета, 91% од жените изјавиле дека не гледаат никакво намалување на насилството врз жените.
Mајката и двете сестри се удавиле. Несреќната девојка, нејзиниот татко и другите две сестри преживеале, но морето ги исфрлило на различни места.

Пронајдете не на следниве мрежи: