Сакате нешто вкусно и неодоливо! Ви го предлагаме овој чоколаден колач со сунѓереста основа и кремаст слој во кој ќе се заљубите по првиот залак!ПАНДИШПАН:
– 2 шољи брашно
– 2 шољи шеќер
– ½ шоља маслиново масло
– ½ литар јогурт
– 2 лажици какао
– 1 лажица сода бикарбона
ФИЛ:
200мл млеко
200гр чоколадо за готвење
9 лажици шеќер
2 лажици какао
250гр маргарин
ПОДГОТОВКА:
Во длабок сад ставете ги јогуртот и маслото и мешајте со миксер. Постепено додавајте ги останатите состојки за пандишпанот. Мешајте со миксерот додека смесата не се соедини.
Добиената смеса претурете ја во тава број 32, претходно премачкана со масло и поросена со малку брашно. Разнесете ја смесата рамномерно и ставете ја да се пече на 220°C околу половина час. Извадете го пандишпанот од рерната и оставете го да се олади.
Млекото ставете го во длабок сад на оган. Откако ќе започне да врие, веднаш додајте ги во него шеќерот и какаото наменети за филот и чоколадото за готвење. Мешајте додека да почне да се згуснува. Тргнете го филот од оган и оставете го да се лади. Важно е да не дозволите филот премногу да се олади.
Во одделен сад измешајте го маргаринот со миксер, а потоа во него додајте го направениот фил. Повторно промешајте за да добиете хомогена смеса.
Врз изладениот пандишпан, нанесете го филот и размачкајте го рамномерно по целата површина.
За крај, изрендајте одгоре чоколадо.
ПАНДИШПАН:
– 2 шољи брашно
– 2 шољи шеќер
– ½ шоља маслиново масло
– ½ литар јогурт