Овој појадок во посна варијанта, која секако може да биде и со обично млеко, предлагам да го пробате бидејќи навистина е вкусен и хранлив, посебно поради чиа семето и свежото овошје.Потребни состојки:
* 2 лажици соин напиток во прав со вкус на ванила
* 200 мл. вода
* 2 лажици чиа семе
* 5 јагоди
* 5 црешиПодготовка:
Растителното млеко се раствора убаво во водата, се додава чиа семето и се остава во фрижидер неколку часа, најдобро е да го оставите навечер.Утрината имате спремен пудинг на кој му се додаваат јагодите и црешите, се блендира сето неколку секунди и толку!Нема потреба да се додават засладувачи како мед или др., а овошјето може да биде и друго по избор.
Добар апетит!Потребни состојки:
* 2 лажици соин напиток во прав со вкус на ванила