НЕОДОЛИВИ: Чоколадни палачинки готови за 10 минути!

Чоколадни палачинки, тоа прекрасно, вкусно и оригинално јадење, тоа е она што го баравте!Овој рецепт е одличен за оние кои сакаат експерименти и оние кои сакаат чоколадо.
Не е случајно овој рецепт да е еден од најдобрите и најпопуларните рецепти за чоколадни палачинки.
Ви го претставуваме рецептот…
-400 мл кефир (евентуално јогурт)
-300 гр пченично брашно
-60 гр шеќер
-40 гр какао
-1 јајце
-сода бикарбона
-1 кафена лажичка лимонов сок
– масло
Подготовка
Во длабока чинија треба да помешате лимонов сок, јајце и шеќер. Потоа додадете ги останатите состојки- брашно, сода, какао и кефир. Се добро измешајте додека не ја изедначите смесата, најдобро со миксер или со блендер.
Смесата треба да биде густа. Меѓутоа не може долго да стои затоа веднаш започнете со печење на палачинките. Маслото во тавчето добро треба да го загреете. Палачинките треба да ги печете на посилен оган.
Во процесот на печењето, палачинките малку ќе нараснат и ќе станат воздушни. Такви треба и да останат кога ќе се изладат.
Чоколадните палачинки можете да ги служите со кафе, какао или топло чоколадо. Можете да ги декорирате со шлаг. Констрастот на темното чоколадо и белиот шлаг е неодолив.Овој рецепт е одличен за оние кои сакаат експерименти и оние кои сакаат чоколадо.
Не е случајно овој рецепт да е еден од најдобрите и најпо

Пронајдете не на следниве мрежи: