НЕРЕДИ ВО КЕЛН: Граѓаните им возвратија на мигрантите. Повредени се повеќе лица!

Германската полиција соопшти дека шестмина мажи од Пакистан ги нападнала група од околу 20 луѓе во неделата, во близина на железничка станица. Двајца завршиле во болница.Како што јавува локалниот дневник Келнер експрес, неколку познати „рокерски и хулигански“ групи се договориле преку Фејсбук за заеднички „лов на луѓе“ во центарот на Келн. Тие сметале дека по силувањата и нападите во новогодишната ноќ, Келн треба „добро да се исчисти“.
Во одделни инциденти, пет мажи нападнале еден Сириец кој исто така завршил во болница.
Дивеењето на мигрантите предизвика големи протести и граѓански бунт поради германската политика која со широко отворени раце ги дочекува бегалците и која поради таквата политика доведе до тоа и самата канцеларка Ангела Меркел да предложи построги закони и полесна депортација на мигрантите коишто ќе направат престап.
Инаку, бројот на пријави поврзани со новогодишното насилство се зголеми на 516, а околу 40 отсто од пријавите вклучуваат обвиненија за сексуално злоставување.
На испитување се задржани 31 маж, од кои 18 се азиланти. Германската полиција верува дека новогодишните напади биле договорени преку социјалните мрежи.
„Кога ваков чопор ќе се најде со една единствена цел, а тоа е спроведување на кривични дела, мора на некој начин да биде испланирано. Никој не може да ми каже дека тоа не беше планирано и договорено“ – изјави германскиот министер за правда Хајко Мас.

Исто така, тој додаде дека датумот и очекуваната група луѓе коишто во новогодишната ноќ обично се собираат на јавни места во големите градови „внимателно се избрани“.
Освен тоа, на социјалните мрежи се појавуваат сѐ повеќе видеа од други европски земји, како што се Холандија, Шведска и Финска, на кои се прикажани муслимански мигранти како напаѓаат и злоставуваат жени.Како што јавува локалниот дневник Келнер експрес, неколку познати „рокерски и хулигански“ групи се договориле преку Фејсбук за заедничк

Пронајдете не на следниве мрежи: