Честите воспаленија и настинки, губењето на желбата за секс, срцев и мозочен удар, депресијата, па дури и сообраќајните несреќи се само некои од последиците на недостатокот на сон.Недостатокот на сон не прави намуртени и нерасположени, го уништува сексуалниот живот, памтењето, здравјето, дури и дебелее. Според податоците, 90% од луѓето кои имаат проблем со спиењето се жртви на некои од овие заболувања: инфаркт,мозочен удар, неправилна работа на срцето, висок крвен притисок и дијабетес.
Неквалитетното спиење доведува и до зголемена потрошувачка на кофеински производи, алкохол, тутун и други стимулативни средства, кои исто така му наштетуваат на здравјето. Недостатокот на сон влијае и врз намалувањето на сексуалниот апетит, бидејќи, на пример кај мажите, се произведува помалку тестостерон. Лошиот сон може да влијае и на кожата, која со време станува жолтеникава и полна со брчки.
Исто така, поради губењето на сон во телото се ослободува помало количество хормон за растење кој во подоцнежните години ја зголемува мускулната маса, бидејќи се лачат поголеми количества на хормонот за глад – грелин, кои го тераат организмот да копнее за големи количества на нездрави јаглехидрати и маснотии.
Црни мисли…
Депресијата е честа последица од неспиење, односно од сонот кој е пократок од шест часа. Луѓето кои страдаат од несоница, имаат петпати поголема веројатност да заболат од депресија.
Децата помалку спијат
Децата пократко спијат поради зголемениот број на училишни активности. Поради тоа се создава „долг на спиење“, кој изнесува десет часа на секоја недела.
Апнеја
Лекарите ја нарекуваат и тивок убиец – го зголемува ризикот од несреќа за 7,5 пати.
Најчести проблеми кои што ги имаат луѓето се рчење, поспаност за време на денот, т.е. апнеја или болест на престанок на дишењето за време на спиење, чии први симптоми ги забележува партнерот.
– Рчењето не е толку опасно, но може да претставува вовед во многу посериозна состојба. Апнејата зачестена исто колку и шеќерната болест. Во просек, од неа се заболени 4% од светската популација, а во одредени групи на возраст се појавува почесто: помеѓу 20 и 30 проценти. Најризична група која може да биде погодена се мажите во средните години и старата доба.
Поврзана е и со хипертензијата, т.е. со метаболичкиот синдром и дијабетесот. Дебелината се смета како последица, а не како причинител на таа болест. Главен симптом е зголемена поспаност во текот на денот, која сериозно го нарушува квалитетот на животот, учењето, продуктивноста на работа, но и претставува ризик за сообраќајни несреќи.
Попладневен сон?
Спиењето во попладневните часови не би требало да биде подолго од 20-30 минути, а би требало да се избегнува во доцните часови и приквечер – по 17 часот.
Факти за сонот:
– Шансите за смрт се зголемени за 50% ако спиете само пет часа во ноќта. Болестите на крвните садови се најчеста причина за смрт на Западот, а главен предизвикувач за тоа е недостатокот на сон.
– Околу 30% од луѓето страдаат од апнеја во некоја фаза од својот живот. Најмногу се изложени мажите од средна и стара доб.
– Околу 20% од сообраќајните несреќи на европските автопати се предизвикани од поспаност на возачите. Некои дури и не биле свесни дека заспале додека управувале со возилото.
– Попладневниот сон би требало да трае најмногу 30 минути.
– Осум или повеќе часа сон, го зголемуваат ризикот на заболување од разни болести.Недостатокот на сон не прави намуртени и нерасположени, го уништува сексуалниот живот, памтењето, здравјето, дури и дебелее. Според податоците, 90%