Несторовски: Ние спортистите новите мерки ги дефинираме како револуција во спортот

Каратистот Мартин Несторовски кој веќе 21 година се занимава со карате денес на трибината која ја организираше УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа четирите нови мерки од областа на спортот кои неодамна ги промовираше лидерот на владејачката партија Никола Груевски.-Ние спортистите кога разговараме меѓу себе овие мерки ги дефинираме како револуција во спортот бидејќи сите кои се занимаваат со спорт знаат колку финансии се потребни за да се оствари врвен резултат. Со овие мерки мислам дека ќе се направи еден огромен чекор во македонскиот спорт каде што ќе можеме ние спортистите да дадеме уште поголем придонес и да можеме да ја претставуваме Македонија во најдобро можно светло, рече Несторовски.
Тој посочи дека и досега имале поддршка од страна на Владата преку спортските стипендии од АМС, но сепак тие не биле доволни.
-Мислам дека Македонија ќе стане велесила во многу спортови , посебно во боречките спортови бидејќи реално таму имаме најголеми успеси, истакна Несторовски.
И од младината на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги поздравија новите мерки. Од таму велат дека и понатаму ќе продолжат да се залагаат за развој  и инвестиции во спортот.
-Унапредувањето на спортот, негувањето на неговите вредности , инвестициите во инфраструктурата и пред се поддршката на младите спортисти  и понатаму останува главен приоритет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Персонтина Цветковска од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Пред членовите на УМС посебно беше образложена 2 мерка која беше најавена за „Ограничено ослободување од данок на добивка на компаниите кои ќе финансираат спортски клубови, спортисти, спортски федерации и МОК“.
Со оваа мерка државата ќе се откаже од приливот на дел од средствата од данок на добивка во буџетот, во корист на спортот, клубовите, федерациите и врвниот спорт.
Позитивни исклучоци поради тоа што се поскапи спортови ќе има кај фудбалот, наместо 20 ќе биде овозможено 30 отсто од добивката да финансира со 100 отсто ослободување, и од 30 до 40 отсто со 50 отсто ослободување.
Со оглед на тоа дека државата средствата кои треба да и припаднат во буџетот ги става на располагање на спортските клубови, федерации и спортисти, таа е должна да внимава како ќе се трошат тие пари, да воспостави правила и надзор над нивното користење, со цел да спречи нивна можна злоупотреба.-Ние спортистите кога разговараме меѓу себе овие мерки ги дефинираме како револуција во спортот бидејќи сите кои се занимаваат со спорт знаат колку

Пронајдете не на следниве мрежи: