Неверојатни природни феномени кои ќе ве остават без здив!

Природата понекогаш си игра со нас за да сфатиме дека понекогаш сме навистина груби кон неа. Со оглед на фактот дека човекот е љубопитно суштество, редовно се бараат одговори на овие феномени. Но, додека се трага по одговорите, понекогаш луѓето треба да уживаат во нивната несекојдневност.Вечната бура во Венецуела
Мистериозната „Relampago del Catatumbo“, односно Молњата на Кататумбо, е уникатен природен феномен. Се случува на устието на реката Кататумбо и езерото Маракаибо. Станува збор за група облаци од кои во текот на 140 до 160 дена годишно, цела ноќ се испуштаат молњи и до 280 пати на час. Би можело да се рече дека тоа е трајна бура која се врти над тие предели, па затоа ова подрачје се смета и за најголем генератор на озон на планетата.
Дожд од риби во Хондурас
Дождот од риби е честа појава во фолклорот на Хондурас, а се појавува секоја година помеѓу мај и јуни. Сведоците на овој феномен велат дека сѐ почнува со темен облак на небото од кој се слушаат гласни грмотевици, се појавуваат молњи и потоа дожд кој трае 2 до 3 часа. Откако ќе престане дождот, на земјата можат да се пронајдат стотици живи риби. Локалното население ги собира тие риби и потоа ги готви. Секоја година во тој период се слави и посебен фестивал, кој му е посветен токму на дождот од риби.

Марокански кози
Веројатно само во Мароко ќе најдете кози кои се качуваат на дрво. Тие го прават тоа бидејќи сакаат да ги јадат плодовите на арганот, кои се слични на плодовите на маслинката. Кај нас е вообичаено пастир да ги води козите на пасење, но мароканските пастири ги следат козите додека тие скокаат од едно на друго дрво. Дигестивниот систем на козите не може да ја свари семката од арганот, па пастирите ги собираат и од нив се произведува масло кое се употребува за готвење и козметика.

Црвен дожд во Керала, Индија
Оваа појава за првпат е забележана во индиската држава Керала. Поројните дождови кои паѓале, имале црвена боја. Исто така, биле забележани и жолти, зелени и црни дождови. Истражувањата финансирани од индиската Влада, утврдиле дека дождовите биле обоени од спорите на некои копнени алги кои живеат во тоа подрачје.

Најдолг морски бран
Водата од реката Амазон се завива во Атлантскиот Океан, со што се генерира најдолгиот бран. Тој се појавува на устието на реката и се нарекува „Pororoca“. Брановите се високи околу 3,6 метри и траат околу половина час. Името „Pororoca“ потекнува од јазикот на домородното население Тупи, што значи „голема деструктивна бучава“.

Црно сонце
Во пролетниот период, јата птици се собираат го покриваат целото небо. Овој феномен се нарекува Црно Сонце и може да се проследи во Западна Данска од март до април.

Огнено виножито
„Пламенот на виножитото“ се појавува кога Сонцето е повисоко од 58° од хоризонтот и неговата светлина поминува високо низ облаците кои имаат шестоаголна плоча од кристали. Сончевата светлина навлегува во вертикалната страна на кристалната плоча и се прекршува во убави бои.
Вечната бура во Венецуела
Мистериозната „Relampago del Catatumbo“, односно Молњата на Кататумбо, е уникатен пр

Пронајдете не на следниве мрежи: