Неверојатно: Galaxy Mega 6.3 сопира куршум и го спасува сопственикот!

Веројатно се сеќавате на Samsung Galaxy Mega 6.3, телефонот со еден од најголемите екрани на светот (6,3 инчи) кој тешко можете да го ставите во вашиот џеб? За телефон од средната класа, одлично е што може да послужи и како панцир…Од Тајван ни доаѓа приказна која наликува на оние од Дивиот Запад. Се започнува со кражба на новчаник, каде што сопственикот се впушта во сопствена авантура да ги најде виновниците. Откако успеал да ги пронајде, работите излегле од контрола. Тој започнал да пука врз крадците и сам да ја донесе правдата, а успеал да погоди еден од нив во градите.
За среќа, крадецот бил фанатик по Galaxy Mega 6.3 и го носел во џеб блиску до срцето, така што телефонот успеал да го апсорбира куршумот и тој да помине само со полесни повреди. Како што може да се забележи на фотографијата погоро, телефонот е во дополнителна футрола, но сепак ова е импресивно за било кој уред. Можеме да забележиме дека екранот е пенетриран, а куршумот запрел кај матичната плоча или батеријата.
Дознајте повеќе на: gsm.mkОд Тајван ни доаѓа приказна која наликува на оние од Дивиот Запад. Се започнува со кражба на новчаник, каде што сопственикот се впушта во сопствена

Пронајдете не на следниве мрежи: