НЕВЕРОЈАТНО откритие: Научници произведоа „цврста светлина“!

Научниците од Универзитетот Принстон успеаа светлината да ја претворат во кристали, односно да направат „цврста светлина“.  „Тоа е нешто што никогаш порано не сме го виделе“, изјави д-р. Ендрју Хоук, професор по електро-инженерство и еден од истражувачите.
Тие направија структура од 100 милијарди атоми од суперспроводлив материјал, како би создале еден вид на „вештачки атом“.
Потоа структурата ја сместиа до суперспроводлива жица со фотони, кои поради чудните физички закони на квантното испреплетување ги преземаа некои од особините на вештачкиот атом.

„Оваа интеракција доведе до потполно ново однесување на светлината, слично на фазата низ која проаѓаат течностите и кристалите“ – изјави Дариус Сандри, истражувач на постдокторските студии на Принстон.
Научниците се надеваат дека благодарение на ова необично откритие, ќе успее да се развие егзотичен материјал, вклучувајќи и суперспроводници на собни температури.
„Овој изум може да доведе до создавање на светлосни мечеви“ – се пошегува Хоук. „Освен ако не се работи за метафорички алат, кој ќе го сече превезот на незнаењето како светлосниот меч тантан (од „Војната на ѕвездите“).
Работата, која го објаснува откритието „цврста светлина“ е објавена во септемвриското издание на списанието „Physical Review X“.„Тоа е нешто што никогаш порано не сме го виделе“, изјави д-р. Ендрју Хоук, професор по електро-инженерство и еден од истражувачите.

Пронајдете не на следниве мрежи: