Незаинтересираноста на градоначалникот Дамјановски и локалните власти може да се види насекаде

Неодговорноста и незаинтересираноста на градоначалникот и локалните власти може да се види насекаде, не постои село, населба и улица во која не можат да се видат трагите на повеќедецениското неработење на локалната самоуправа од СДС, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.-Улицата „Ѓорче Петров“ поточно овој дел каде што сме денес е уште еден од многутте примери на арогантниот однос на градоначалникот кој кулминираше деновиве. Оваа улица како што може да видите е неасфалтирана и е полна со дупки. Оваа жална слика претставува секојдневие на жителите од оваа улица кои тука живеат со децении. Освен што улицата не е асфалтирана, луѓето тука биле приморани со сопствени средства да финансираат приклучок кон водоводна и канализациона мрежа. Оваа улица е една од најголемите во општина Куманово и граѓаните тука заслужуваат подобар третман од локалната власт. Заслужуваат да имаат функционална и сеопфатна инфраструктура, повеќе урбани елементи како, парк, шеталиште, осветлени улици и пред се градинка, Се она што е ветено, а денес го нема и што со сигурност ќе направи оваа населба пристојно место за живеење, истакна Срѓан Ивановски портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
Од таму, го прашаа градоначалникот, нели е срамота сега е 2017-та година цели 12 години сте градоначалник на општина Куманово, а сеуште да има вакви случаи во кои граѓаните се приморани да живеат во субстандардни услови.
-Дали некогаш сте ги повикале овие луѓе и сте ја слушнале нивната мака или и нив како и цело Куманово ги ставате на листа на провокатори. Градоначалник Зоран Дамјановски време е да се вразумите и да превземете нешто за овие луѓе, а тоа да не биде уште една манипулација од ваша страна, која е редовна пракса сиве овие години, додаде Ивановски.-Улицата „Ѓорче Петров“ поточно овој дел каде што сме денес е уште еден од многутте примери на арогантниот однос на градоначалникот кој

Пронајдете не на следниве мрежи: