„Излегов на пистата и почувствував страшни грчеви во стомакот“Во моментов во тек е модната недела во Лондон, еден од најважните модни случувања во годината. И додека дамите ширум светот се воодушевуваат на манекенките кои шетаат по пистите со скапи крпчиња, мнозинството не се свесни колку труд стои зад тој успех. Ова е напорен период за моделите, а особено за жените.
Манекенката Викторија Кејн проговори за предизвиците со кои се соочуваат манекенките.
Манекенките се исцрпени од кастинзите. Луѓето мислат дека само правиме ревии, но тоа е далеку од вистинаа. По цели денови работиме со шминкерите, фризерите, сценографите и секако креаторите. А после сето тоа не смееме да пропуштиме ниедна журка бидејќи таму се склучуваат новите познанства, што е важно за идните работни обврски, објаснува Кејн.
Посебно отежнувачка околност е менструалниот циклус за време на ангажманот.
-Првиот пат имав проблеми со циклусот кога ме фотографираа за едно списание, а бев единствено женско. Бев приморана да ја прекинам сесијата за да се снабдам со тампони и влошки, бидејќи ненадејно почнав да крварам. Цело време се плашев да не ја упропастам гардеробата, се присетува Викторија.
Нешто слично и се случи и на овогодинешната Лондонска модна недела.
-Успеав да ги преживеам сите напорни подготовки и имав уште сила во бекстејџот, каде се шегував со стилистите. Но, наредната секунда излегов на пистата и во тој момент почувствував страшни грчеви во стомакот. Го фокусирав погледот и чекорев како ништо да не се случува, а во себе го молев Господ да не ми протече крв по нозете, вели Викторија.
По ревијата истрчала до тоалетот и успеала да се среди пред некој да го забележи нејзиниот „проблем“.
-Одвратно е! Се срамите, а за ништо не сте виновни. Ако ве боли стомакот, немате време да се виткате од болки. Ако сте гладна, не можете да се најадете, бидејќи не ви се дозволени повеќето видови на храна. Ако не си носите хигиенски помагала, ретко кој ќе успее да ви помогне, бидејќи никој нема време да ви се посвети токму вам, искрено раскажува манекенката. Погледнете ја нејзината приказна:
Во моментов во тек е модната недела во Лондон, еден од најважните модни случувања во годината. И додека дамите ширум светот се воодушевуваат на ман