Нигериските лекари го обвинија Хашим Тачи за трговија со органи!

Гувернерот на сојузната држава Имо, Рочас Окороча, обвинет е за трговија со човечки органи во Нигерија, а наводно соработувал и со државни функционери од други земји, меѓу кои има и Хрвати.Здружението на лекари во Нигерија го обвини Окороча за трговија со органи, а како што пренесува нигериската информативна агенција Naij, трговијата ја организирал во соработка со политичари од Косово, Турција, Хрватска и други земји.
Еден од одговорните во здружението, Филип Њеманзе, на конференцијата за новинари изјави дека овој случај е преседан.
„Ова е прв пат во историјата една влада да учествува во трговија со органи. Владата на државата Имо ги искористи државните медицински институции за да тргува со органи“ – изјави Њеманзе.
„Помеѓу странските соработници, главен за Европа е Хашим Тачи, поранешниот косовски премиер, кој воедно е и пријател на Окороча. Оваа меѓународна мрежа функционира многу добро“ – додаде тој.

Њеманзе додаде дека Окороча неодамна патувал во Турција, Косово, Хрватска и во некои латиноамерикански и азиски земји. Како уште еден доказ ја нагласува изградбата на дури 27 нови болници во државата Имо во последно време.
Портпаролот на владата, Сам Онвуемодо, ги отфрли обвиненијата со тврдење дека станува збор за стара приказна со која се занимаваат разузнавачките служби на Нигерија.
Прва за тврдењето кое се однесува на трговијата со органи се огласи поранешната обвинителка на Хашкиот суд Карла дел Понте, во својата книга „Лов: Јас и воените злосторници“, која што ја објави по заминувањето од должноста.

Во својата книга, таа изнесе податоци дека во 1999 година дознала од новинари дека околу 300 Срби и други неалбанци биле киднапирани и транспортирани во Албанија, кадешто им биле вадени органи кои потоа биле пратени во Италија, од каде што ги дистрибуирале во клиниките низ Европа. Во книгата се спомнува населбата Бурел во Албанија, кадешто на жртвите им биле вадени органи во куќата што ја нарекува Жолта куќа.
Хашкиот суд на 13 јануари 2005 година покрена истрага за трговијата со органи врз основа на предмети што беа пронајдени во Жолтата куќа. Истражителите во Жолтата куќа пронашле разни предмети, за кои постоел основан сомнеж дека се користени за вадење органи на грабнати Срби и неалбанци. Меѓу пронајдените предмети се наоѓале пластични садови, празни шишња со називи за лекови кои се користат при хируршки интервенции.
На 12 ноември 2010 година, Европскиот парламент во својот извештај наведе дека Хашим Тачи се смета за еден од лидерите во трговијата со органи, но тој ги отфрли обвиненијата.Здружението на лекари во Нигерија го обвини Окороча за трговија со органи, а како што пренесува нигериската информативна агенција

Пронајдете не на следниве мрежи: