Никола Димески го посети Друштвото на лица со телесен инвалидитет

По повод 3-ти декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Никола Димески  го посети Друштвото на лица со телесен инвалидитет  – Мобилност каде разговараа за потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со телесен инвалидитет. Меѓу другото предлозите кои тие ги дадоа се секако добредојдени како идеи за нови мерки и проекти кои би биле дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ, а се во насока на подобар живот на овие лица.„По повод денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост го посетивме Друштвото на лица со телесен инвалидитет  – Мобилност каде заедно разговаравме за потребите на овие лица. Продолжуваме со таквата соработка во иднина со цел решавање на што повеќе проблеми со кои се соочуваат.“  – рече ДимескиОдговор на новинарско прашање во врска со обвинувањата на СДСМ на денешната прес-конференицја:„Очигледна е нервозата на опозицијата затоа што сме постојано на терен и имаме голема поддршка од граѓаните затоа што ги реализираме сите проекти кои ги ветуваме. Се што е видливо за граѓаните е виртуелно за СДСМ. Виртуелна е инвестицијата во Прилеп од американската компанија Гентерм која во моментот има ангажирано околу 500 наши сограѓани. Виртуелна е и дестел Маер во Кавадарци каде околу 700 прилепчани се вработени. За СДСМ виртуелни се овие 1200 прилепчани кои се вработиле во изминатата една година само во овие две странски инвестиции. Виртуелни се и спортските игралишта кои тие не ги гледаат, а децата таму ги користат. Еве последно виртуелна е и зградата со 76 социјални станови, алуѓето можат да ја видат, таа е реална.Она што е најважно за нас е да ги реализраме проектите кои сме им ги ветиле на граѓаните, затоа што тие се потреба и на барање на граѓаните. Во изминатиот период сме направиле чекори за подобрување на животот во општеството на сите целни групи, влучувајќи ги и социјално загрозените семејства. Може да се потсетиме на голем број мерки кои се преземени токму за оваа категорија на граѓани како зголемување на социјалната помош, субвенции, вработување на 1600 лица преку оглас преку Македонски шуми , оглас за враборување на 300 лица со инвалидитет. Ова ја покажува реалната грижа на ВМРО-ДПМНЕ.“„Граѓаните се свесни за сето тоа и онака како што изминатите години им покажаа на СДСМ дека е потребно да се спротистават на ВМРО-ДПМНЕ со идеи, со проекти како да го подобрат нивниот живот, така ќе направат и во наредиот период.“„По повод денешниот Меѓународен ден на лицата со попреченост го посетивме Друштвото на лица со телесен инвалидитет  – Мобилност ка

Пронајдете не на следниве мрежи: