Никола Груевски денес ја започна дводневната работна посета на Брисел

Делегација на најголемата македонска политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот на партијата Никола Груевски, денеска ја започна дводневната работна посета на Брисел, каде делегацијата остварува и ќе оствари голем број средби со високи претставници на матичната европска партија, Европската народна партија (ЕПП), како и со други европски политичари.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Груевски, заедно со министрите за надворешни работи и за здравство Никола Попоски и Никола Тодоров, како и со пратениците Александар Николоски и Владимир Ѓорчев, денеска во Европскиот парламент во Брисел се сретна со европратениците Маријана Петир, Милан Звер и Едвард Кукан, како и со германскиот федерален министер во Владата на Ангела Меркел за храна и земјоделство од Баварија, Кристијан Шмит.
Во изјава за МИА по средбите, Груевски истакна дека оваа дводневна посета е партиска посета и е во контекст на евроатлантските интеграции на Република Македонија, како и за санирање на штетите по македонската држава настанати од политичката криза, што според него, во земјата ја предизвика опозициската СДСМ.
-Средбите со европските претставници што ги имав денеска поминаа одлично. Ние сме дојдени тука во партиска посета. Разговорите што денеска и утре ќе ги имам со повеќемина во Брисел се во контекст на евроатлантските интеграции на Македонија и за намалување на штетите од политичката криза во Република Македонија, а во однос на нашите евроатлантски интеграции. Ние сме дојдени да се видиме со повеќе пријатели на Македонија и пријатели на ВМРО-ДПМНЕ. Со дел од нив имавме денеска средби, а продолжуваме и во текот на утрешниот ден, така што ќе имаме поголем број средби на кои што разменуваме различни информации, мислења и ставови и секакви други прашања поврзани со евроатлантските интеграции на Македонија. Но, како што реков, разговаравме и за намалувањето на штетите од политичката криза предизвикана од опозицијата во земјата, а во поглед на македонските евроатлантските интеграции, изјави Груевски за МИА.
Во текот на утрешниот ден, партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски во Брисел, исто така, има набиена агенда според која се очекува дузина средби со високи политички претставници и дипломати од Европската унија.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Груевски, заедно со министрите за надворешни работи и за здравство Никола Попоски и Никола Тодоров, ка

Пронајдете не на следниве мрежи: