Никола Тесла пред 113 години бил против ГМО и знаел како да го нахрани светот

Во својот есеј со наслов „Проблем со зголемување на човечката енергија“ кој го објавил во јуни, 1900 година, Никола тесла напишал: „Можеме да спомнеме илјадници други зла, но сите тие заедно се скоро занемарливи во споредба со: Недостатокот на храна, која носи беда, глад и сиромаштија“.
Сто години покасно, на 8 септември 2000 година, Обединетите нации усвоиле Милениумска декларација и во неа дефинирале осум развојни цели кои треба да се остварат до 2015 година, а во првата цел е дефинирано искоренување на екстремната сиромаштија и гладот.
Денес во светот има околу 900 милиони гладни луѓе.
Но Тесла при тоа не мислел на апсолутниот недостаток на храна, туку на недостаток на здрава, „добра и обилна храна“ како и чиста вода за пиење која сметал дека може да се добие со помош на усовршени електронски уреди, кои исто така можат и ефтино да произведуваат озон „како идеален дезифектант“.

 

Затоа веќе во 1900 година тој дигнал глас против „Производство на вештачка храна“, бидејќи човечкиот род претставува резултат на вековна адаптација:
„Не можеме радикално да се промениме без непредвидливи и најверојатно катастрофални последици кои би биле предизвикани од несигурен експеримент со производство на вештачка храна, поради то не треба ни да се обидуваме.“ – рекол Никола Тесла.
Тесла на 23 јуни 1938 година регистрирал и заштитил марка за производство „Factor Auctus“ (фактор на растот). Тој детално го разработел составот на смеса за исхрана на живина и голуби со природна храна која ја добил по „Револуционерна постапка“, како што навел во еден текст.
Како и да е, оваа оригинална рецепта не е комерцијализирана до ден денес, инаку требало да допринесе за намалување на гладот. А Документацијата за „Фактор на растот“ денес се чува во Музејот на Никола Тесла во Белград.
Извор: Think.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: