Нил Армстронг: Ни наредија да се тргнеме од Месечината

Звучи како научно-фантастично сценарио на филм за НАСА, астронаути и вонземјани на Месечината. Меѓутоа, според многу извештаи и наводни транскрипти помеѓу командниот центар и астронаутите на „Аполо“ на Месечината, човештвото се соочи со технологија од друг свет кога астронаутите чекореле по површината на Месечината. Интересни детали за тоа со што можеби се соочиле астронаутите на Месечината потекнуваат од интервјуто на неименуван професор и Нил Армстронг на симпозиум на НАСА.
Професорот: Што навистина се случи таму со „Аполо 11“?
Армстронг: Беше неверојатно… секако, отсекогаш знаевме дека постои можност. Факт е дека бевме предупредени. Никогаш немаше некои прашања за вселенска станица или град на Месечината.
Професорот: Како мислите „предупредени“?
Армстронг: Не можам да навлегувам во детали, освен да кажам дека нивните бродови беа далеку посупериорни во однос на нашите и по големина и по технологија. Навистина беа големи и заканувачки! Не, нема прашања за вселенска станица.
Професорот: Но, НАСА имаше други мисии после „Аполо 11“?
Армстронг: Секако, НАСА беше посветена во тоа време и не можеше да ризикува создавање паника на Земјата.
Дали е можно дека астронаутите на „Аполо 11“ всушност се соочиле со вонземјани и НЛО додека ја истражувале површината на Месечината?
Постојат многу извештаи, интервјуа и документи кои укажуваат дека тоа е можно.
Всушност, според зборовите на д-р Владимир Ажаж, физичар и професор по математика на Универзитетот во Москва:
Нил Армстронг пренел порака до контролата на мисијата дека два големи, мистериозни објекти го набљудувале откако слетале на Месечината. Но, неговата порака никогаш не се слушнала во јавноста – бидејќи НАСА ја цензурирала.
Според зборовите на бројни извори, Армстронг тврдел дека вонземјани биле на Месечината и дека на астронаутите им било наредено да си одат.
Извештаите покажуваат дека астронаутите на Аполо наишле на бројни градби и структури на Месечината кои очигледно не ги направил човек. 

Многу уфолози тврдат дека Баз Олдрин дури и снимил чудни структури и сите детали ги пријавил на контролата на мисијата, која намерно ги „цензурирала“ информациите со цел спречување на хаос и паника помеѓу жителите на планетата.

Пронајдете не на следниве мрежи: