Колку и да звучи неверојатно, можно е светскиот мир да ги одложува стапките на економскиот раст, па со тоа се спречува и генерално подобрување на економската состојба.Економистите веќе со години како причини за бавното опоравување од економските кризи и слабиот економски раст ги анведуваат слабата побарувачка, нееднаквоста и исчезнувањето на средната класа, конкуренцијата од Кина, неадекватната ситуација, недостатокот на идеи и слично.
Веќе многу години поминаа од последниот посериозен воен конфликт во светов. Но, како што пишува професорот по економија Тајлер Ковен во Њујорк Тајмс, денешните конфликти во Ирак и Јужен Судан се доказ дека светот е се уште прилично крваво место.
Сепак, бројот на жртвите во тие конфликти е значително помал од оној на двете светски војни. Дури и во Виетнамската војна настрадале повеќе луѓе од кој било конфликт потоа.
Ковен тврди дека секогаш кога еден народ се подготвува за војна, побарувачката за храна, облека, оружје и слично расте, а се зголемува и стапката на вработеност. Наспроти ова, подготовките за војна прават владата да биде пофокусирана и и најосновните одлуки да ги донесе исправно. Ова може да се однесува на инвестирање во науката или либерализација на економијата.
Земете ги САД за пример. Во САД се измислија нуклеарните оружја, компјутерот и многу други изуми додека тие војуваа против Силите на Оската во Втората Светска Војна и против СССР во Студената војна.
Интернетот е воен проект кој тогаш требало да послужи за предупредување и заштита од нуклеарни напади, а и Силиконската Долина исто така е проект на војската. Лансирањето на Спутник во вселената од Русите, во Америка предизвика огромен интерес за вселената и астрономијата, од што како последица се појавил економски раст.
Да не беа војните, немаше да се случи проектот Менхетн. Во склоп на тој проект првата атомска бомба е направена за само 6 години, а проектот секоја година „јадел“ по 0,4% од БДП на САД. Тешко е да помислите на некој проект за спореба од денешното време.
Од друга страна пак, Ковен тврди дека напредокот на економијата е возможен и во мирна средина. Освен мирот во душата, туак е и чистата околина, толеранцијата спрема малцинствата и поголемото време кое луѓето можат да си го посветат сами на себе.
Поголема е предноста да живеете во мирно општество ос чиста средина и со раст на БДП 2% годишно, отколку БДП да расте 4%, но луѓе да гинат. Оттука моменталното најбитно прашање дали овој мирен период е само балон кој се подготвува да експлодира?Економистите веќе со години како причини за бавното опоравување од економските кризи и слабиот економски раст ги анведуваат слабата