„No easy day “ – книгата која го шокираше светот а го растревожи Пентагон!

Пензионираниот припадник на специјалната единица на американската војска „Фоки“, Мет Бисонет, до детали опишува како во мај 2011 година го убил водачот на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен.Бисонет ја опишува акцијата во својата книга „Тежок ден“ (No Easy Day), а според неговите зборови, Бин Ладен го убил со истрел в глава, во моментот кога некогашниот најбаран терорист ѕирнал низ вратата во своето засолниште во Пакистан. По смртоносниот куршум од Бисонет, во просторијата влегле другите припадници на елитната американска единица и истрелале уште неколку куршуми во Бин Ладен, кој лежел на земјата.
Сето тоа го гледале и вдовиците на Бин Ладен, кои потоа плачеле над неговото тело.

Припадниците на „Фоки“ во Пакистан тргнале со три хеликоптери, во кои биле по тројца специјалци. Знаеле дека во засолништето на Осама бин Ладен, освен него, ќе наидат и на двајцата негови курири –браќата Абрар ал-Кувајти и Алмед ал-Кувајти.
Според зборовите на Бисонет, операцијата била замислена така што специјалците требало да се спуштат од хеликоптерите и да го убијат водачот на Ал Каеда, но сето тоа се искомпликувало кога хеликоптерот, во кој бил и Бисонет, паднал во дворот на куќата во која се криел Бин Ладен. Другиот хеликоптер „блек хок“, кој требало да се спушти на покривот на куќата, се приземјил надвор од дворот, а кога пилотите виделе дека првото летало паднало во дворот, ги пуштиле неповредените, но, сепак, вознемирените војници од првиот хеликоптер.
Бучавата што ја направиле хеликоптерите ги разбудила Бин Ладен и неговите курири, а еден од нив, Ахмед ал-Кувајти, отворил оган на маринците од пушка АК-47. Во моментот кога се подготвувале да возвратат со оган, на вратата се појавила жената на Ал-Кувајти со децата, меѓу кои имало и бебе. Жената рекла дека нејзиниот сопруг е убиен, а штом го видел неговото тело на земја покрај неа, Бисонет се упатил кон делот на зградата во кој се наоѓал Бин Ладен.
Со помош на специјалните очила за ноќно гледање, маринците упаднале во куќата во која бил Бин Ладен и прво го исчистиле првиот кат, а потоа се упатиле на вториот, на кој, според нивните информации, се криел шефот на Ал Каеда.
Во тој момент Абрар ал-Кувајти, братот на Ахмед, отворил оган на нив, но специјалците веднаш го убиле, како и неговата сопруга, која скокнала пред него за да го заштити. Во аголот на просторијата седеле стуткани деца и една жена.

„Фоките“ потоа се упатиле кон вториот кат, каде што со експлозив ја разбиле металната врата, која го делела тој дел од куќата од приземјето. Веднаш потоа го убиле човекот за кој подоцна дознале дека е Калид, еден од синовите на Осама бин Ладен, кој не пукал во само одбрана.

 
– Очекувавме повеќе борба. Од сите тие приказни за самоубиствено загинување во името на Алах, само еден од браќата Ал-Кувајти истрела куршуми – пишува Бисонет.
Во моментот кога се приближувал кон третото ниво на куќата, Бисонет пишува дека на пет стапки од врвот на скалите слушнал чекори и звук на полнење пушка. Потоа следувал и рафал. Бисонет пукал кон човекот што ѕиркал низ вратата, а веднаш по рафалот се повлекол.
Ова е нашето момчеМаринците во просторијата затекле две жени над телото на мртвиот маж. Според зборовите на Бисонет, мажот бил застрелан во десната страна на главата.
– Крв и делови од мозокот беа распрскани покрај неговата глава. Додека умираше, телото му се грчеше – пишува членот на „Фоки“.
Тој и уште еден специјалец му истрелале уште неколку рафали во градите, по што престанал да мрда. Најмалку три деца присуствувале на целиот настан и биле во состојба на целосен шок.
Авторот на книгата понатаму пишува дека потоа маринците се приближиле до телото и утврдиле дека целата десна страна на черепот му е разнесена од куршумот што му поминал низ челото и дека градите му биле разнесени откако бил погоден од автоматската пушка.
-Мислам дека ова е нашето момче, рекол еден од членовите на експедицијата, кој Бисонет го претставува како Том. Целата операција беше следена во живо од Белата куќа.
Пентагон се заканува со тужба. Пентагон предупреди дека ја разгледува можноста да поднесе тужба за поранешниот припадник на американските „Фоки“ поради тоа што ги прекршил договорите за доверливост кога ја напишал книгата за операцијата во која е убиен Осама бин Ладен.
Во писмото што го објави Пентагон, главниот адвокат на Пентагон вели дека Министерството за одбрана, исто така, ја разгледува можноста да го тужи секого што соработувал со авторот на книгата, а Владата би можела да бара и процент од заработката на книгата.
Во писмото упатено до Марк Овен, што е псевдонимот под кој е напишана книгата, наведени се два договора за доверливост, кој гипотпишал со морнарицата и со кои се обврзал дека никогаш нема да издаде доверливи информации, што би претставувало кривично дело.
 Извор: republika.mkБисонет ја опишува акцијата во својата книга „Тежок ден“ (No Easy Day), а според неговите зборови, Бин Ладен го убил со истрел в глава,

Пронајдете не на следниве мрежи: