Ноне: Ќе продолжам со работа на брод

По долго отсуство од Велес и од Македонија, поп-пејачката Ноне Неделковска се врати во родниот Велес. Откако одреден период од животот мина на море, сега е на копно, цврсто на земја. Таа девет месеци престојуваше на брод, работно, нејзиниот ангажман заврши и сега е повторно дома, меѓу своите. Се приспособува на ново-старата средина, се гледа со пријателите, ги полни батериите. Две недели е тука, но ја нема има во медиумите, вешто се крие, не дава интервјуа, бидејќи смета дека не е интересна за јавноста, затоа што нејзината пејачка кариера е завршена. Сега сосема е насочена кон новата животна преокупација.„Што да кажам за мојата нова страница во животот?! Тоа беше убаво и ново искуство. Работата на брод не беше ниту страшна ниту тешка, а најмалку од се' лоша работа. Напротив, носам убави впечатоци. Се сретнав со луѓе кои не ги знам, ниту тие мене, без предрасуди почнавме да се дружиме, а најубаво од се' што видов многу земји за кои досега само сум читала… И бидејќи работата многу ми се допадна, донесов цврста одлука – повторно, по кус одмор во Велес, пак да заминам. На пеењето му кажав збогум. Неколкуте години минати на естрада ме научија дека не можеш многу да им веруваш на луѓето. Ако тргнеш со чисто срце – ќе ти го скршат“, вели Ноне, додавајќи дека музиката, и покрај тоа што многу ја сака, не и' овозможува никаква финансиска сатисфакција. „Од неа не се живее, затоа се враќам на брод. Таа работа носи пари и чесно се заработува. Во Велес ќе останам уште некое време“, мистично заврши пејачката, не откривајќи кога повторно ќе ги спакува куферите.Инаку, Ноне е малку сменета, изгледа понежно и повозрасно – ја променила бојата на косата во потемно, малку ослабела. Инсистира да остане надвор од јавниот живот, избегнува да се појавува на телевизија, бидејќи кариерата и' е завршена. Единствена забава и' е излегувањето во кафе-бар „Капри“ каде што и' е најубаво, затоа што тука се среќава со друштвото и пријателите. Сака да го надополни времето кога беше отсутна со муабети, дружења. За трачевите што кружеа по порталите за време на нејзиното отсуство, Ноне не сака да зборува, остава времето да ги покрие.
Извор: utrinski.com.mkПо долго отсуство од Велес и од Македонија, поп-пејачката Ноне Неделковска се врати во родниот Велес. Откако одреден п

Пронајдете не на следниве мрежи: