Со огромно неверување помеѓу народот е дочекана најновата информација дека отсега па натаму во Македонија ќе се воведе данок за кукање и „мрчење“ и дека во Македонија владее голема беспарица.
Инспирација за ова се празните улици во Скопје, а истовремено гужвата на граничните премини кон земјата чие што име не сакаме да го споменеме и пребукираниот македонски бисер – Охрид.
Навистина е чудно како тоа покрај толку „невработени“ и незадоволни од платата успеваат да си дозволат летување на атрактивни локации.
Се прашуваме како е возможно покрај толкавата беспарица секој сончев викенд успеваат да избегаат од градот. Притоа, за време на работната недела да „мрчат“ дека нема пари во Македонија.
Токму ова е причината поради која „мрчењето“ ќе се забрани со закон и секој што ќе мрчи и ќе кука дека нема пари а ќе отиде некаде на викенд , а особено во Грција ќе треба да плати данок за истото.
Први на мета се лидерите на опозицијата кои одмараат во Флорида и останатите монденски места низ светот. Од друга страна тие најмногу „мрчат“ за беспарицата која владее во Македонија.
Парите што ќе бидат собрани од овој данок ќе бидат наменети за социјално загрозените лица кои навистина немаат пари да си дозволат летување.Со огромно неверување помеѓу народот е дочекана најновата информација дека отсега па натаму во Македонија ќе се воведе