Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, денеска беа во посета на фирмата ФРИКО од Неготино, како дел од праксата за близок и непосреден контакт со компаниите ширум Република Македонија.-Сметам дека ваквиот начин на дејствување е најдобар начин да се разменат мислења со претставниците на компаниите за можностите кои ги нуди Владата на Република Македонија за вработување. Имавме работна средба со сопственикот на компанијата, која е успешен пример на компанија која е вистински пример на компанија која користи најразличен вид на мерки за вработување, коишто ги реализира МТСП и АВРМ. Токму тоа е нашата заложба, корист за невработените полесно да стигнат до своето работно место, но и бенефит за работодавачите, истакна Спасов.
Тој информираше дека денес е распишан нов јавен повик за нова мерка за стекнување на вештини, односно мерката „Обука кај познат работодавач“, која се реализира од 2007 година и има резултирано со над 7214 работни места. -За оваа година имаме планирано вкупно 300 лица да се вклучат во оваа мерка, или вкупен износ на средства 6,7 милиони денари. Очекуваме најмалку 50% од учесниците од оваа мерка по завршувањето на самата тримесечна обука да се стекнат со вработување и со тоа и оваа мерка да влијае континуирано на подобрување на вештините на невработените лица, но и создавање на нови работни места и намалување на невработеноста во Република Македонија, потенцираше Спасов.
Директорот на АВРМ, Влатко Поповски, истакна дека со оваа тримесечна обука невработените ќе создадат вештини, а на крајот на обуката работодавачот ќе понуди работно место на 50% од нив во компанијата.
-Се надевам дека со овој оглас ќе ги пополниме местата кои ги имаме, а огласот е отворен до пополнување на работните места. Ги повикувам сите стопанственици, сите компании коишто имаат потреба да се пријават на огласот, со тоа што ние во рок од 20 дена ќе им овозможиме да склучат договор со Агенцијата и да се изберат најквалитетните невработени коишто имаат потенцијал да бидат обучени, односно спремни за работа во компаниите, изјави Поповски.
Со оваа мерка се создаваат можности невработените лица да поминат три месеци обука во реални работни услови за вештините побарувани на пазарот на труд.-Сметам дека ваквиот начин на дејствување е најдобар начин да се разменат мислења со претставниците на компаниите за можностите кои ги нуди Владата