Нов кружен тек во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, претседателот на Вмро-Дпмне, Никола Груевски, како и голем број на граѓани од општината , присуствуваа на пуштање во употреба на новиот кружен тек, кој се наоѓа меѓу улиците 16-та Македонска бригада и Коце Металец.Со овој проект, на местото на крстосницата меѓу улиците беше формиран кружен тек со дијаметар на средишниот зелен појас од 60 метри. Во самиот кружен тек се формирани 2 сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри. Извршена е и реконструкција на коловозот на улицата 16.Македонска бригада, на должина од 390 метри, како и на дел од улицата Коце Металец, на должина од 240 метри.
Околу кружниот тек и на влезните улици е уреден нов тротоар со ширина од 3 метри и велосипедска патека со ширина од 2,5 метри, покриени со бекатон-плочки. За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек е изградена атмосферска канализација со Ф 600 милиметри и Ф 400 милиметри, на вкупна должина од 634 метри. Во текот на градежните работи е извршена заштита на гасоводната цевка, а поставена е и нова водоводна мрежа со Ф 200 милиметри, на должина од 52 метри.
На изградба на новиот кружен тек работеа екипите на градежната компанија „Бауер БГ“, а Градот Скопје за градежните работи вложи околу 45 милиони денари. Во средишниот дел на кружниот тек и од страните уредена е вкупна зелена површина од 11.800 квадратни метри. Во зеленилото е поставен систем за полевање со 34 прскалки, 22 хидранти, 13 шахти и 4 шахти за систем капка по капка. Во кошницата што го краси кружниот тек и околу неа се засадени околу 10.000 цвеќиња. На уредувањето на зеленилото работеа екипите на ЈП „Паркови зеленило“, а Градот Скопје потроши околу 4,3 милиони денари.
На новиот кружен тек е поставено и улично осветлување, со 35 столба за улично осветлување високи по 8 метри и 39 светилки со моќност од 250 вати, за што беа задолжени екипите на компанијата „Елтра“. За поставување на осветлувањето, како и за дислокација на инсталациите Градот Скопје потроши околу 4,3 милиони денари.
Вкупната вредност на проектот за изградба и уредување на кружниот тек изнесува околу 53,6 милиони денариСо овој проект, на местото на крстосницата меѓу улиците беше формиран кружен тек со дијаметар на средишниот зелен појас од 60 метри. Во самиот круж

Пронајдете не на следниве мрежи: