ОУ „Гоце Делчев“ во Љубанци, утре ќе го одбележи својот патронен празник, но и 150 годишнината од првото училиште во Љубанци.Имено, во далечната 1866 г. во повеќе села во Скопска Црна Гора отворени се првите световни училишта со организирана настава. Училиштето во Љубанци работи во континуитет независно од пропагандите и властите кои се менувале во Македонија (турска, бугарска, српска).
Од декември 1944 година, образовниот континуитет на световното училиште во Љубанци го продолжува ОУ „Гоце Делчев“ во слободна Македонија, со настава на мајчин македонски јазик.
По повод овој голем образовен јубилеј училиштето „Гоце Делчев“ е во фаза на голема градежна реконструкција. Темелно ќе се реконструира покривот, а училиштето ќе добие и нова енергетска фасада, нови прозорци и две нови училници.
Средствата во висина од 8.000.000 денари се обезбедени од буџетот на општина Бутел, а изведувач е ГИВ Груп од Скопје.Имено, во далечната 1866 г. во повеќе села во Скопска Црна Гора отворени се првите световни училишта со организирана настава. Училиштето во Љубанци