Ванѓелија Гуштерова, попозната под името баба Ванѓа, кажала многу предвидувања кои се оствариле уште додека била жива. Меѓу настаните коишто допрва треба да се случат, се наоѓа и тоа дека муслиманите ќе завладеат со Европа.Баба Ванѓа предвидела дека Европа во 2016 година ќе биде готово празна, без луѓе. Слепата старица најавила дека во 2043 година, со Стариот континент ќе завладеат муслиманите.
Нејзиното пророштво може да се набљудува и преку најавата за 2010 година. Таа предвидела дека тогаш ќе започне Третата светска војна, но така што судирите прво ќе избијат во земјите кадешто народите меѓусебно ќе војуваат, а дека подоцна ќе се прошират по целиот свет.
Кога тоа ќе се поврзе со случувањата на Блискиот исток, но и во Сирија, а на сето тоа се додадат и активностите на бруталните терористи од Исламската држава, јасно е дека тие судири лесно можат да дојдат во Европа.
Ванѓа навела дека муслиманите ќе ги елиминираат преживеаните Европејци со употреба на хемиско оружје. Потоа, во Франција ќе почне да зајакнува таканареченото партизанско движење против исламистите.
Слепата жена предвидела и дека Американците во 2066 година ќе го нападнат Рим, кој тогаш ќе биде муслимански град. САД, во тој напад ќе употреби ново климатско оружје – нагло заладување.
За 2014 година, Ванѓа видела три настани: Првиот бил поплава во пролет кога ќе плови „река од трупови“, како што сликовито опишала.
Втората визија се однесува на Бугарија, која кон подобриот начин на живот од мај ќе ја однесе висок човек којшто доаѓа од странство.
На крај, како трета визија, баба Ванѓа ја видела појавата на опасна болест, која е полоша од сидата и првенствено ќе ги погодува мажите. Ванѓа останала непрецизна, не кажувајќи дали тоа се однесува само на Бугарија или на целиот свет.Баба Ванѓа предвидела дека Европа во 2016 година ќе биде готово празна, без луѓе. Слепата старица најавила дека во 2043 година, со Стариот континен