НОВА ДРУШТВЕНА ИГРА: „Другарот Пу ја освојува Естонија“ е ХИТ во балтичките земји!

Креаторите на друштвената игра велат дека таа е духовита и дека нивната намера не е да создаваат непријателство кон Владимир Путин.Друштвената игра за враќањето на Естонија по руската инвазија, стана вистински хит во балтичките земји.
Кутијата на играта „Другарот Пу ја освојува Естонија“ (во балтичките земји Пу е прекарот за рускиот претседател Владимир Путин), ја краси препознатлива карикатура на Путин, иако неговото име никаде не се спомнува, пренесе Russia Today.
Играта со помош на коцки и мини-игри личи на популарната „Змии и скали“, а играчите мораат да „возвратат“, почнувајќи од западната граница на Естонија која во 1991 година прогласила независност од СССР.

Board game about repelling ‘Comrade Pu’s Russian invasion’ hits Estonia https://t.co/Fqkagx7LRV pic.twitter.com/OVa98zo5WM
— RT (@RT_com) January 17, 2015

Наместо скалите, играчите извлекуваат картички кои им помагаат или одмагаат, слично како и во „Монопол“. Така, оној што ќе ја извлече картичката „Пу освојува Нобелова награда за мир“, мора да се врати едно поле назад, додека играчот кој ќе ја извлече картичката „Казахстан е спречен да ѝ се придружи на Русија“, е награден со одење едно поле напред.
„Идејата беше родена за време на случувањата во Украина. Се надеваме дека луѓето ќе сметаат дека играта е духовита. Нема ништо неморално во политичката сатира“, вели креаторот на играта Тави Емајо, за естонскиот портал на руски јазик „Делфи“.
„Го избравме Путин не за да создадеме анимозитет кон него, туку затоа што тој е повеќедимензионална политичка личност. Поголем дел од идеите за играта потекнуваат токму од него“, додава Емајо.Друштвената игра за враќањето на Естонија по руската инвазија, стана вистински хит во балтичките земји.
Кутијата на играта „Другарот

Пронајдете не на следниве мрежи: