Нова градинка за децата од Тафталиџе

Со долгорочен кредитен заем ќе се реконструира градинката „Мајски Цвет“ во Општина Карпош. Оваа одлука советниците од Општина Карпош, на денешната педесет и осма седница на Советот на Општина Карпош, ја изгласаа, одобрувајќи средства за овој капитален објект.Предлог-одлуката за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно задолжување на Општина Карпош во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП 2), е предлог за долгорочно задолжување со поволна кредитна каматна стапка за реконструкција на градинката „Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе 1.
Како што образложија општинските надлежни служби, оваа детска установа е формирана и изградена во далечната 1964 година и оттогаш не претрпела сериозен реконструирачки зафат.
Со предвидениот финансиски заем е предвидено да се реконструира површина од 1200 м квадратни, и со тоа 140 најмлади жители на локалната самоуправа да можат да учат и да се воспитуваат во современ објект.
Советниците без расправа ја усвоија втората точка од дневниот ред со која е предвидена Одлука за измена на распоред на средства во Буџетот на Општина Карпош за 2016 година.Предлог-одлуката за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно задолжување на Општина Карпош во рамки на вториот проект за подобрување н

Пронајдете не на следниве мрежи: