Новаковски: Нема пречки за прочистување на избирачкиот список

Во интервју на ТВ НОВА гостуваше поранешниот претседател на Државната Изборна Комисија, Александар Новаковски каде објасни на кој начин е дојдено до тоа граѓаните да имаат крајна недоверба во избирачкиот список.-Многу аналитичари прават забуна кај граѓанството и затоа дојдовме до оваа ситуација да имаме крајна недоверба во избирачкиот список и тоа да биде една од темите кои веќе неколку изборни циклуси да се ствара таа недоверба. Ова е момент, ова е состојба која би ја карактеризирал како една добра политичка волја на актерите од пржинскиот договор кои како една од темите кои ги наметна опозицијата, а позицијата го прифати е еднаш засекогаш расчистување на избирачкиот список, рече Новаковски.
Тој во интервјуто напомена дека избирачкиот список е жива материја посебно во овој глобализиран свет кога имаме многу миграција и потенцираше дека ниедна земја во светот не може да се пофали со сто посто чист избирачки список.
-Многу забуна се создава кога се вика дека списокот сега ќе се прочистува и готово. Списокот е жива материја. Ниту една земја во светот не може да се пофали со 100 отсто чист избирачки список, ниту тоа треба да се очекува од ДИК. Сепак ДИК во моментов доби такви капацитети, таква експертска и стручна помош од странство, да не може и нема право да остави дилема за избирачкиот список. Затоа мислам дека овие вкрстувања ќе вродат со плод, но ако некој сака да ги злоупотреби и да им даде друга конотација постои опасност многу лесно да го направи тоа бидејќи податоците се различни. Ние мора да се држиме на словото на законот. По законот, книгата на државјани е клучна за избирачкиот список, рече поранешниот претседател на ДИК.
Новаковски воедно истакна дека ДИК во моментов доби такви капацитети и таква експертска стручна помош од странство да нема веќе право да остави право на сомнеж за избирачкиот список.
Целиот разговор погледнете го во продолжение-Многу аналитичари прават забуна кај граѓанството и затоа дојдовме до оваа ситуација да имаме крајна недоверба во избирачкиот список и тоа да биде

Пронајдете не на следниве мрежи: