Компанијата „Гришко” презадоволни од првата инвестиција во Македонија, поточно во Слепче, донесоа одлука уште еднаш да инвестираат во нашата земја.Втората фабрика ќе ја градат во Демир Хисар.Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со челниците на компанијата, кои му ги соопштија деталните планови за новата инвестиција.
Министерот за привлекување на странски инвестиции, Бил Павлески, по средбата откри дека почетокот на градбата на новата фабрика ќе се случи во почетокот на месец октомври. -Во првата своја фабрика „Гришко” вработи 82 лица, кои во моментов работат на производство на обувки. Во фабриката која денес ја најавуваме ќе бидат вработени околу 200 лица. Се очекува следната година втората фабрика да започне со работа, а во меѓувреме ќе бара работници кои дополнително ќе ги обучи, истакна Павлески. Николај Гришко е задоволен од капацитетите на фабриката која ја отвори во Слепче, која ја нарече „современа фабрика со одлични услови”.
Повеќе на следниот ЛИНКПремиерот Никола Груевски денеска оствари средба со челниците на компанијата, кои му ги соопштија деталните планови за новата инвестиција.