Руско-македонската компанија „Продис”, најави изградба на нова фабрика за хомеопатски препарати и козметика и градење или приспособување на постоечки објект за откуп, обработка и стерилизација на репроматеријали.Вкупната инвестиција ќе чини околу 15 милиони евра. Од нив, седум милиони ќе бидат наменети за изградбата, а осум за објектот за откуп и обработка. Од „Продис” најавуват дека во следните две години ќе се вработат од 100 до 200 лица.
Фабриката ќе никне на постоечката парцела во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик, а камен-темелникот се очекува да биде поставен во април идната година. Фабриката треба да биде готова до крајот на 2014 година.
Околу 10 до 15 проценти од суровините за чај и житарици „Продис” ги набавува од Македонија, а остатокот го купува од европските и светските пазари.
Повеќе на следниот ЛИНКВкупната инвестиција ќе чини околу 15 милиони евра. Од нив, седум милиони ќе бидат наменети за изградбата, а осум за о