Македонско-руската фирма „Продис“ продолжува со ширењето на бизнисот и инвестициите.По изградбата на фабриката во индустриската зона „Бунарџик“ , Продис денеска најави нова хомеопатска аптека во ГТЦ, и влез во втората и третата фаза од изградбата на фабриката.
Втората фаза ќе опфаќа комплетно производство на хомеопатски лекови и козметика и тука ќе се вложат 7 милиони евра, а втората фаза ќе опфака приспособување на веќе постоечките објекти за откуп на чаеви за која се оделени 8 милиони евра.
Со оваа нова инвестиција „Продис“ планира да вработи од 150 до 200 вработени во наредните две години.
-Имаме период на 4 месеци за ревидирање и подготвување на веќе постоечките објекти и веќе во април 2014 година ќе ги поставиме темелите на новата фабрика која би требало да биде готова до крајот на 2014 година. На тој начин ќе се заокружи целиот циклус на проектот кој го имаме планирано за поконкуренти и високо квалитени пазари, истакна директорот на „Продис“, Коста Димов.
Досега „Продис“ набавувал само 15 отсто репроматеријали од Македониј,а другите суровини ги набавувале од светските пазари. Од тие причини знаејќи дека Македонија е чиста еколошка средина се одлучиле да вложат во третата фаза од изградба на фабриката при што ќе можат повеќе билки да се искористат од Македонија. Продис се заинтересирани за соработка и партнертво на сите луѓе и компании кои се бават со таа проблематика и нивно дополнително обучување со цел поуспешно да се исползуваат благодетите кои ни ги дала природата.
Продвис во моментот е застапна во Македонија, Русија и Украина, а до крајот на годината се очекува нивно проширување во сите пораншни Југословенски републики.По изградбата на фабриката во индустриската зона „Бунарџик“ , Продис денеска најави нова хомеопатска аптек