Нови 30 вработувања за децата без родители и родителска грижа

30 лица кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа преку програмата Д10 на Министерството за труд и социјална политика ќе се вработат во јавната и државната администрација. Јавниот повик е објавен денеска и сите заинтересирани лица може да аплицираат во МТСП за вработување.Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека програмата Д10 за вработување на деца  без родители и родителска грижа се реализира веќе 4 години и досега се покажала како доста успешна.
-Со завршувањето на овој оглас вкупно ќе бидат вработени 173 лица кои што имале статус на деца без родители и родителска грижа во јавната и државната администрација, првично првично преку МТСП, рече Спасов.
За реализација на овој проект за оваа година и за следната, Спасов информираше , дека се обезбедени околу 2 милиони денари.
-Во МТСП ќе поминат квалитетна обука, исто така ќе се стекнат со работно искуство, а потоа дел од нив , околу 2/3 ќе бидат превземени во останатите институции, додека останатите ќе останат да работата во МТСП, истакна министерот.Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека програмата Д10 за вработување на деца  без родители и родителска грижа се реа

Пронајдете не на следниве мрежи: