Нови лифтови за жителите на Карпош

Loading...

Советниците од Општина Карпош расправаа по 23 точки кои се најдоа на дневниот ред, на денешната педесет и прва седница, која се одржа во амфитеатарот на Технолошко Металуршкиот факултет во Скопје. Со мнозинство гласови, тие позитивно се изјаснија во врска со барањата од граѓаните, за одобрување на финансиски средства кои ќе се употребат за реконструкција на четири стари лифтови и набавка на два нови.Конкретно, Општина Карпош ќе покрие 65% од трошоците за реконструкција на старите лифтови, кои ги користат жителите на станбените згради на бул. 8-ми Септември бр. 10 влез 1, како и станбените објекти на ул. Никола Парапунов бр. 1, 3 и 5. Нови лифтови ќе се постават во колективните станбени објекти на бул. Партизански одреди бр. 101, влез 1 и во зградата на бул. Партизански одреди бр. 111, влез 1.
Со цел, да се релаксира сообраќајниот метеж, Советот на Општина Карпош, одобри финансиски средства за купување на 47 периодични паркинг-картички, кои жителите од околните згради во населбата Карпош 3 и Карпош 4, ќе ги искористат за бесплатно паркирање во Т.Ц. „Скопје Сити Мол“. На овој начин, локалната самоуправа се обидува да го реши проблемот со паркирање за своите жители, кои живеат во непосредна близина на трговскиот центар. Со иста динамика, советниците ја поддржаа и одлуката за финансиско учество на Општина Карпош во заедничкиот проект со Град Скопје, кој се однесува на изведба на фекална канализација по дел од улицата „Новопроектирана 3“ и покривање на атмосферски канал, непосредно до улицата „Новопроектирана 1“.
Во рамките на денешната седница, беа усвоени и двата Детални урбанистички планови . ДУП-от за Градската четврт „СЗ 19“ (нас. Влае 2), кој го опфаќа потегот помеѓу бул. Партизански одреди, ул. Ацо Шопов, ул. Војвода Васил Чакаларов и реката Вардар. Второусвоениот ДУП се однесува за Градската четврт „З 04“ и го опфаќа потегот помеѓу бул. Илинден, бул. 8-ми Септември, реката Вардар и ул. Љубљанска
Во духот на солидарноста, Советот на Општина Карпош донесе одлука, финансиски да го поддржи проектот на збратимената општина Стари Град од Сараево, насловен „Со игра до инклузија“. Се работи за хуман гест, со кој директно се потпомагаат децата со пречки во развојот.
Согласно новите законски измени, Советот на Општина Карпош ги одобри годишните планови за вработување за 2017 година, во детските градинки „Орце Николов“, „Распеана младост“, „Пролет“ и „Мајски Цвет“.
 Конкретно, Општина Карпош ќе покрие 65% од трошоците за реконструкција на старите лифтови, кои ги користат жителите на станбените згради

loading...
Loading...